
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во знак на сеќавање на масакрот кај тетовското село Вејце, кога во конфликтот во 2001 година на 28 април, свирепо, од заседа, беа масакрирани осумина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ, бранителот од Битола Сашо Гилевски на својот ФБ профил објави фотографија со деца на бранителите од Битола од местото на убиството на нивните татковци, 8 запалени свеќи и напиша
Локалниот клуб на СДММ од Битола по повод големиот христијански празник Велигден денеска реализираше хуманитарна акција преку која се обезбедени поголеми количини прехрамбени артикли за социјално ранливи семејства.
Локалната власт во Битола го потпиша договорот за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола. Претседателот на Совет Валентин Груевски за Апла.мк потврдува дека договорот за обнова на Офицерски во вредност од 1,1 милиони евра е потпишан,
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола беше домаќин на највисокото републичко раководство на Сојузот на пензионери на Македонија.
Велигденскиот базар кој вчера се одржа во Битола на плоштадот Магнолија собра скромни средства , но ја покажа хуманата димензија на битолчани, велат од Здружението на граѓани за советување , поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле -„Јасмин“ од Битола. Организатори на настанот беа Ани Митревска, Анета Димитриевска и Александра Илиевска.
Ани Митревска вели дека собрани се средства за неколку патувања до Скопје и за третмани, но забележува дека ниту една поголема компанија од градот не се приклучила на хуманитарниот базар.
-Голема благодарност до граѓаните, фирмите и поедици од градот што донираат за акцијата. Битолчани ја покажаа својата хуманост. И еден апел до големите фирми и претпријатија да се вклучат во нашата акција да не останат неми на нашиот повик, зошто Битола е град со 2400 заболени од рак, од кои дури 8 деца. На овој базар се приклучија само помали фирми како бутици, пекари , цвеќари, а каде се оние поголеми општествено одговорни компании ,рече Ани Митревска од „Јасмин“.
Таа ги ги повика граѓаните заболени од рак да им се приклучат во здружението во борбата со оваа опака болест и ги повика и надлежните институции да ги слушнат нивните проблеми.



