2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Oсквернавен е споменикот за италијанските војници на Македонскиот фронт 1916-1918 година поставен во Градскиот парк во Битола. Од спомен плочата откорната и одземена е фигурата во жолто-златна боја  која потсетува на светец и оставени се само мермерните плочи.

Битолчани кои секое утро пешачат во Градскиот парк  забележаа  дека за празниците споменикот е оштетeн и од фронталната  мермерна плоча недостасува фигурата која беше со големина околу триесеттина сантиметри. Тие претпоставуваат дека најверојатно е одземена бидејќи нејзината боја потсетува на злато.

Споменикот беше инаугуриран  пред само еден месец на 29 март кога на свеченост во Битола им се даде  почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата  држава  Карло Ромео.

Уште едно прво место за 17- годишната Егенија Дивитарова, средношколка  иноватор од Техничкото училиште во Битола, која досега изработи две машини за гравирање со ласер, за кои доби награди на релевантни натпревари за млади иноватори во земјава. Овој пат, освои право место за најдобро креирано портфолио. Таа за Апла.мк изјави дека натпреварот го организираа од  Младинската асоцијација на средни стручни училишта во земјава- МАССУМ. На него учествуваа повеќе ученици од средни училишта, кои имаа задача да изработат портфолио за себе, слично како CV и при тоа да ги внесат своите досегашни успеси што ги постигнале на одредени натпревари, а  да запазат и одредени позиции кои се задолжителни. Од сите учесници од земјава, Дивитарова беше најуспешна, а ментори ѝ беа Цветанка Митревска и Гордана Танеска.

Жителите од неколку локации во градот бараат од Општина Битола, откако ќе започне со работа новото јавно претпријатие за паркизни, да ја преземе обврската за средување на хаосот со паркирани возила во улиците кои не се опфатени со зонско паркирање.

Завршија формалните преговори на РЕК Битола со Министерството за животна средина на кои се усогласени сите мерки и рокови за комбинатото да добие А интегрираната еколошка дозвола.

По раскинувањето на договорот со фирмата МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола, Општина Битола спроведе постапка за избор на нов изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“. Денес на електронска аукција беше избрана фирмата која ќе изврши реконструкција на коловозот и тротоарите на ул. „Климент Охридски“ во Битола, соопштија од Општина Битола. 

По критериумот најниска цена, победник на електронската аукција е фирмата „Еуроинвест Медиу“.

Од денот на потпишувањето на одлуката, учесниците имаат право на жалба во рок од осум дена, а по истекот на законските жалбени рокови, се очекува да се потпише договор со изведувачот и да се започне со асфалтирање и партерно уредување на улицата „Климент Охридски“.

Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби во однос на сите изведувачи.

Метеоаларм за денес објави Управата за хидрометеоролошки работи. Од таму информираат дека дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува брзина околу 70 км/час. 

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб),  реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

Пак се откорнати зацементираните  метални столбчиња што пред месец и половина ги постави ЈП Пазари на влезот од Старата битолска чаршија од страната кај Ат Пазар.  За време на празникот столбчето е сосема откорнато од улицата и фрлено на патот.  Синџирите поставени на двата  влезови  во Старата битолска чаршија, од страната на Ат Пзар и од кај дрвениот мост , а кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација очигледно им пречат на некои несовени дуќанџии или доставувачи на стока кои за да не ја носат робата на рака или на колички директно влегуваат со возила во заштитената зона. Од ЈП Пазари  беа децидни дека сообраќајот е забранет во оваа заштитена зона, а дотурот на стока дуќанџиите мора да го извршуваат со колички.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани