
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
21 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама ќе се одржи годинава од 9 до 13 мај во Битола, иако Министерството за култура не им даде ни денар. Центарот за култура предводен од директорката Маја Андоновска Илијевски заедно со вработените потпирајќи се на средства на институцијата, финансиска помош од Општината, јавни претпријатија, фирми, па и индивидуалци од градот решија да не се откажат од фестивалот.
После 40 години Јавното претпријатие „Стрежево“ денес за првпат ќе започне со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во с.Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880м во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2. 000 000 денари.
СВР Битола во соработка со Центраот за социјални работи и Црвениот крст денес организираше предавање „Безбедни на интернет“ за ученици од основните училишта.
„Додовме до созанние дека нагло е зголемен сајбер булингот или психичкото малтретирање кај децата додека користат интерент. Децата како најмала група се вовлекуваат во некои страници кои не се за нив и се малтретирани на некој начин. Добиени се и сознанија дека се премолчуваат некои работи. Сакавме во делот на превенцијата да им укажеме кои се постапките, со кои треба да комунициираат и каде да пријавуваат“, рече началникот на Отсекот за превенција при СВР Битола , Сашо Гилевски.
За жал, уште мал е бројот на вакви пријавени настани од страна на родители, за што Гилевски вели дека уште не се одважуваат да пријават. Но, додава дека СВР презема перманентно мерки и ги следи состојбите, а сорботува и со Центраот за социјални работи.
За игрите „Момо“ и „Синиот кит“ за кои се крена голема прашина дека ученици од Битола се самоповредувале рече дека целата ситуација била медиумски преувеличена.
„Таа интернет игра беше повеќе новинарски накрената, извршени се секакви проверки, многу разговори, имаше пријава, но се беше некако зголемено, немаше никакви проблеми околу игрите Момо или Синиот кит. Тие игри го има кај нас, но не се многу навлезени во интернет посетите на нашите деца“, рече Гилевски.
Сепак, од СВР аплеираа родителите да внимаваат што содржини следат нивните деца на интернет.
„Од Отсекот за превенција при СВР преку одржани низа предавања во основните и средните училишта дојдовме до сознанија дека на интернет мрежите постојат игри кои се опасни и со ризик по здравјето на децата, затоа покренавме иницијатива да ја подигнеме свеста кај родителите и децата да им укажиме на што треба да внимаваат“, рече Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.
Психологот Сашо Кочанковски рече дека во пракса родители се почесто доаѓаат со жалба барајќи помош како да се надмине зависноста од интернет кај нивните деца.
„Проблемот е и од психолошки аспект голем зашто времето поминато на интернет го скусува времето за другите активности за учење, спиење, дружење, комуникација со семејствата, односно директната комуникација. Кај игрите е пропишано на која возраст треба да се користат, голем дел се за над 13 или 16 годишна возраст. Кај нас реалноста е поинакава и децата на било која возраст можат да пристапат. Тоа е одговорност на родителите, треба да ги следат и да можат да им помогнат пред да се развијат зависности“, рече Кочанковски.
Претераното користење интернет може да предизвика проблеми со спиењето, дебелина заради неактивноста, аксиозност , депресија и друго.
ОУ „Гоце Делчев“ од Битола денеска го слави патрониот празник , испраќајќи ја пораката дека многубројните освоени награди , реализирани проекти , предавања, работилници и презентации се доказ за нивната плодна и успешна работа како образовна институција. Одбележувањето започна утрово со полагање цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев, доделување на пофалници на наградени ученици на училишниот литературен и ликовен конкурс, историски час, спортски активности и презентација на НАНСЕН моделот за интеркултурно образование. Главната свеченост се одржа во Малата сала на Центарот за култура каде беше изведен поетско-музички рецитал. Директорката на ОУ „Гоце Делчев “ Билјана Стојковска пред присутните рече дека реформите во образованието се предизвик за сите, а раководниот, стручниот и наставниот кадар се цврсто решени и ангажирани да го следат императивот, да не се плашат од промени и да бидат активен критички и конструктивен дел од нив во насока на унапредување на воспитно-образованиот процес во училиштето.
-Образованието не е чисто реципрочна активност и договорен процес, тоа бара посветеност како на страната на учениците и наставниците така и на страната на родителите. Почитувани родители на вас гледаме како партнери во воспитно-образовниот процес се со цел стекнување на повисоки и потрајни знаења на вашите деца, нашите ученици, идни алуми со кои училиштето ќе се гордее, рече во своето обраќање кон присутните директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Битола, Билјана Стојковска.













Изградбата на северната трибина на стадионот „Под Тумбе кафе“, тече според предвидената динамика, така што до денес е изградена една четвртина од изведбата. Битола треба да добие стадион изграден според најсовремени европски стандарди со сите потребни инфраструктурни услови за меѓународни натпревари. На градбата на северната трибина се работи според плановите, па на терен може да се види дека градежните работи напредуваат, новиот објект ја добива посакуваната форма.
-Моменталната состојба со изградбата на проектот „Изградба на северна трибина прва фаза“ изнесува 25% од вкупната реализација. Општина Битола во соработка со Надзорниот орган за изведба на проектот постојано ја следи динамиката на работа на терен, потврдуваат за Апла.мк од Општина Битола.
РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.
Започна дистрибуцијата на изборниот материјал за вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела на 5 мај. Процесот се одвива под силно полициско обезбедување.
-Можам да порачам на фалсификаторите да не се мачат, бидејќи овие ливчиња се презаштитени и не постои можност за фалсификат, нагласи директорот на печатницата „Киро Дандаро“-Битола, Драги Милошевски.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски истакна дека навреме започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал до секоја Општинска изборна комисија.
-Од печатницата „Киро Дандаро“ брзо и професионално се изврши предавањето на гласачкиот материјал и дистрибуцијата ќе биде навреме извршена од нашите 12 тимови. За вториот дел од кампањата можам да кажам дека помина мирно без некои посериозни нарушувања , кандидатите се држеа до свои агенди. Нормални се некои понервозни реакции од страна на кандидатите во последните денови пред вториот круг на гласање, но за нас е важно во недела да имаме еден чист коректен изборен ден, со што ќе потврдиме дека граѓаните на нашите држава можат да излезат и на демократски и фер начин да покажат дека можат да се спроведат чисти избори во нашата држава, рече Дерковски.




Со Форум театар презентација насловена “Гласот на мојата генерација” група млади луѓе од Битола и Прилеп ги искажаа своите ставови и мислења по однос на различни предизвици со кои се соочуваат во своето секојдневие.
Презентацијата се реализира на 25 април во Паркот кај Саат кулата во Битола.
Преку Форум театар презентацијата беа претставени следните предизвици: неактивни и незаинтересирани млади луѓе да се вклучат во активности со кои би го дале својот придонес за заедницата во која живеат, проблемите на дискриминација и нетолеранција по различни основи и недостаток на спортски терени каде бесплатно може да се спортува, терени кои би биле достапни за младите со различна социјална позадина.
За време на презентацијата присутните гласно интервенираа давајќи алтернативни решенија на дадените проблеми, ги споделија своите мислења и ја збогатија презентацијата со свежа енергија која ни покажува дека младите луѓе без разлика на својата геогравска, етничка или социјална позадина треба и можат да интервенираат и да бараат решавање на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.
Презентацијата заврши со музичка изведба на композиција која ја подготвија самите учесници во процесот. Преку оваа композиција се испрати порака за активно вклучување на младите во процесите за надминување на негативните стереотипи, предрасудите и во процесите за градење на заедничко општество со подеднакви можности за сите.
Со овој настан започнуваме со одбележување и славење на Меѓународниот ден на џезот 30ти април и славејќи ја уметноста, ја истакнуваме неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи мир, меѓукултурен дијалог, почитување на различностите, почитување на човековите права и достоинство, промоција на слободата на изразување и родовата еднаквост.
На оваа презентација претходеше тримесечен циклус на креативни работилници креирани во насока да поттикнат креативно и критичко рамислување кај учесниците со користење на Форум театар и Џез музика како алатки.
Проектот го имплементораат МИДС Битола во партнерство со Државното музичко училиште Битола.
Проектот Јас сум гласот на мојата генерација е поддржан од ЕУ во рамките на проектот Поделено минато - заедничка иднина.
Во манастирскиот храм „Свети Јован Претеча“ во Слепче се одржа честувување на Свети Кипријан Слепченски.
На 1 мај во 1942 година во атарот на село Поткамен, кај Чајниче, Босна и Херцеговина, загина Киро ДИМИТРОВСКИ-Дандаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и народноослободителна борба на Југославија, графичар.
Роден бил во Битола на 5 мај 1912 г.
Пред Втората светска војна бил активист на прокомунистичките синдикати, член и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Битола во 1939 г. Ја основал првата партиска техника на Мениот комитет на КПЈ во Битола во 1940 г.
Поради таа активност бил уапсен на 5/6 септември 1940 г. и осуден на 13 декември 1940 г., Бранител во судскиот процес му бил д-р Иван Рибар. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел на 21/22 август 1941 г. и станал борец на Фрушкогорскиот партизански одред од неговото формирање на 9 септември 1941 г.
Работел како типограф во печатницата на централниот печатен орган на КПЈ, весникот "Борба" во слободното Ужице во октомври 1941 г. Со единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до село Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрлил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот партизански одред.
Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ.
Загинал во борба против италијанските окупаторски сили. По ослободувањето, на 18 мај 1948 г. неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Битола, а тогаш основаната битолска печатница била именувана со неговото име.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
