
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци е на врвот на општините со најголема излезност во текот на денешното гласање на претседател на државата. До 13 часот на гласање излегле 33,12 насто и од гласачите.
Во Општина Могила за истиот период излезноста изнесува 18, 57 насто.

Граѓанин го паркирал својот автомобил во тревата пред Битолскиот Музеј и најверојатно отишол на гласање на некое од избирачките места сместени во оваа институција. Минувачите коментираат дека кој и да е не смеело да си дозволи да ја гази тревата и колата ја да паркира на зелена површина.
Денеска во Битола паркирањето е слободно и не се наплаќа, па и овој возач би требало да знае дека тревникот пред Музејот не е паркинг простор.
Во Општина Новаци на денешните претседателски избори до 10 часот гласале 10,34 насто од избирачите, што според ОИК-Новаци излезноста е во рамките на претходните избори, но повисока од излезноста во останатите пелагонски општини.
Во Новаци на гласање се оди и со патерици.
Сите 169 избирачки места во општина Битола утрово на време беа отворени. Како што соопштија од Општинската изборна комисија, гласањето тече без проблем. Со право на глас се 81738 жители на општината. Годинава згаснува гласачкото место Злокуќани каде има само десет гласачи кои гласачкото право ќе можат да го остварат во село Бистрица.
Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ во заедничка еколошка акција од ѓубре ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.
Битолчани денес имаа можност да купат Велигденска изработка по цена која самите ќе ја одредат од ракотворбите на членовите во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. Ракотворбите ги изработија членовите на „Порака“, а собраните средства ќе се искористат за развој на Центарот.





Во Прилеп деновиве се одржа Регионална средба за песна музика и игра меѓу пензионерите од четири општини Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево. На средбата присуствуваше и претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова. Таа ја прогласи средбата за отворена, посакувајќи им на пензионерите добро здравје и што почето организирање на вакви манифестации на кои пензионерите можат да се дружат и забавуваат.
Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, е прогласено за заштитена рурална споменична целина, соопшти Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор во НУ Завод и музеј Битола, по повод Денот на културното наследство што во фокусот ја имаше заштитата на руралниот предел.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираат дека започна рокот за поденсување барања за субвенции по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и ќе трае до 30 Мај 2019 година. Апликациите се однесуваат за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство - за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.
