
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Изградбата на стадионот се одвива со активности и динамика онака како што е предвидено со договорот, не можам сега да ви одговорам по техничките спецификации, меѓутоа како што истакнав во минатиот период најголем дел од активностите и средствата се точно од оваа локална самоуправа, сега, да кажам спроведени. Како ќе се одвиваат тие активности во иднина ќе видиме, но она што општина Битола го има укажано досега до изведувачот е дека треба да се придржува до договорот, како што е предвидено по него, вели Петровска.
Со премиерата на најновата продукција на Народниот театар од Битола ,,БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ'' по Еврипид а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица вчера беа подигнати завестите на 21то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура. Двете институции кои делат ист покрив, се здружија во борбата културата во Битола да остане на прво место.
Македонија пат го асфалтира кружниот тек кај бензинската пумпа Лук Оил што е во рамките на реконструкцијата на патниот правец Битола село Братиндол. За оваа цел се издвоени 15 милиони денари од ЈП за Државни патишта.

Со прегратка, изведба на јапоснки танц и макесонски ора учениците од најголемото основно училиште во Битола „Климент Охридски“ ѝ се заблагодарија на јапосната амбасадорка во земјава Кеико Ханеда за грантот во износ од 50 000 евра со кој беше реновирана дограмата во школото. Од 1996 до сега преку Јапонската амбасада во земјава реализирани се 66 проекти за подобрување на условите за настава низ училишта во земјава. Досега Јапонија во македонските образовани установи вложила 6 690 667 евра.
Од 24.04.-01.05.2019 година, Невладината организација „СФЕРА Македонија“, со свои претставници беше учесник на младинска размена поддржана од Erasmus +, во Вели Лошињ - Хрватска. 13 ученици од Битола, заедно со професорките Јасмина Василевска и Емилија Прчкова, беа дел од активностите од проектот “Living sustainably“, заедно со млади од Словенија, Унгарија и Хрватска.
Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.
Заради изведување на градежни работи, поставување на ограда времено е затворена обиколницата над Битола поврдуваат за Апла.мк од СВР-Битола. Изведбата денеска се одвива од потегот од бензинската пумпа Лук Оил на патот за Ресен до тунелот.
Со полагање на свежо цве'е пред спомениците во кругот на СВР-Битола и пред градскиот часовник кај соменикот „Ангел“ денеска свечено се одбележува Денот на македонската полиција.
-Претставници на СВР-Битола врачија донација во Домот за доенчиња и мали деца во Битола што традиционално се донира секоја година. Донацијата е во фрижидер на барање на вработените од Домот. Воедно на денешниот ден ученици од повеќе училишта во градот имаат можност да се запознаат и со полициската опрема, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР-Битола.





Оставка си даде министерот за култура Асаф Адеми во чие време на министерување дел од културните манифестации во Битола останаа без денар или со рапидно намален буџет.
Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование.
