
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хорот на ОУ „Гоце Делчев“ денеска ја понесе првата награда на Регионалниот натпревар за хорови и оркестри што се одржа во Битола. На натпреварот настапија ученици од основните училишта во Битола, Ресен и Демир Хисар. Но, највпечатлив беше настапот на хористите од ОУ „Гоце Делчев“ кои ги воодушевија присутните. Хорот од жирото беше награден со 99 поени. Хористите од ОУ „Гоце Делчев“ со овој пласман ќе настапат на Државниот натпревар како трогласен хор, прва категорија со 24 ученици. Тие ги исполнија композициите „Ѕвона“од Запро Запров , и композицијата „Песна за Гоце“ од Кирил Македонски . Диригент на двете композиции е Марија Арсиќ.

Стево Пендаровски е во благо водство пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова според резултатите на ДИК на ново на држава од обработени 97,51 процент од гласачките ливчиња.
Во општина Битола, според ДИК, во водство е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со освоени 17992 гласа во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, кој освои 17766 гласа. Разликата е 226 гласови.
Од останатите општини во Југозападна Македонија, кои се во близина на Битола, Стево Пендаровски води во Ресен и Крушево, додека пак, во Могила, Демир Хисар и Новаци повеќе гласови освои Силјановска Давкова.
Изборниот штаб на Стево Пендаровски во Битола објави дека има благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Ова го поткрепуваат и податоците од ДИК
Според обработени 18, 23 насто од гласови ,односно 6444 гласови, ДИК објави дека за кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски гласале 2995 гласачи, а за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 2966 гласачи.
„Изборниот ден помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристачно чист, прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори како што доликува на идна земја членка на НАТО Алијанската и ЕУ. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен, демократски начин и покажаа демократска здрелост и одговорност пред општеството и државата. Спроведени се мирни, фер и демократски избори“, рече Александар Кирацовски, претседател на Изборниот штаб на СДСМ.
До 18,30 часот во општина Битола на гласање излегле 46 проценти од гласачите. Во Новаци гласале 60,12 проценти, во Могила 51,17 проценти, Демир Хисар 58,36 проценти од вкупниот број на гласачи во општините.
Во канцеларијата на Народното правобранителство во Битола денес биле поднесени пет официјални претставки од гласачи. Две од нив, поради нарушување на изборниот молк со уфрлување на политичко пропаганден материјал во поштенски сандачиња во станбени згради и уште неколку други случаи пријавени од граѓани кои не се нашле во избирачкиот список, а личните карти им биле извадени по 8 февруари.
Излезноста на гласачите во Битола до 15 часот изнесува 32,75 проценти, соопштија од Општинската изборна комисија.
Новаци е втора општина во државата по излезност, веднаш по Крива Паланка. Според резултатите од ДИК, до 17 часот во Новаци на гласање излегле 53,73 проценти од гласачите, а во Крива Паланка 55.03 проценти и е на прво место во државата по излезност. Меѓу општините со поголема излезност се и Демир Хисар со 51,94 проценти и Демир Капија со 52,78 проценти. .
На подрачјето на општина Могила се запишани 5282 гласачи на 23 избирачки места. До 13 часот на гласање изглегле 18,57 проценти од гласачите. Според Славко Велевски, претседател на Општинската изборна комисија, гласањето течи без проблеми. Во оваа општина најоддалечени избирачки места се оние во селата Мојно и Трновци, на 24 километри од центaрот на општината.
