
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваше на чествувањето што се одржа денес на споменикот на Мурато на Копанки, Пелистер, по повод големиот јубилеј, 30 години од освојувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на битолчаенцот Димитар Илиевски.
Прво место освои хорот на ОУ „Гоце Делчев“ од Битола на Државниот натпревар за харови што денеска се одржа во Скопје. Младите хористи од Битола настапија во конкуренција на 19 хорови од цела Македонија. Натпреварот се одржа во ООУ „Љубен Лапе“ во населба Аеродром.

-Откако ги освоивме максималните бодови на Регионалниот напревар за хорови во Битола, денеска освоивме првото место и на Државниот натпревар во Скопје. Настапивме како единствени натпреварувачи од регионот, од Битола, Демир Хисар, Ресен, Новаци. Отпеавме две композиции и задоволни сме и радосни за постигнатите резултати, ни изјави Марија Арсиќ, ментор на хорот на ОУ „Гоце Делчев“-Битола.
Лути пиперчиња за несовесните возачи и пешаци, а брошови за совесните делеа денес во Битола полицајците во придружба на ученички сообраќајни единици. Вака на симболичен начин во Битола беше одбележан Денот на сообраќајната култура од страна на СВР, Општинскиот совет за безбедност на патиштата и со клубовите на моторџии. Лутите пиперчиња и брошевите беа донација од мото клубот ,,Ѓорги Стефановски” и претседателот Даниел Ивановски.
Изведувајќи една од најопеаните шансони на дваесетиот век „Лили Марлен“, како и други музички нумери на големата и незаборавна Марлен Дитрих, хрватската актерка Ксенија Прохаска ги воодушеви битолчани. Со врвна сценска изведба, многу емоции и солзи, но и со прекрасен алт, таа синоќа настапи со монодрамата „Марлен Дитрих“ на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.
213милионер на Државна видеолотарија е Ардијан Вучетиќ од Струмица. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден1.235.940,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена во Вамико Бет во Струмица на 07.05.2019.
Денес се одржа првата промоција на книгата „Аурора“ на Ивона Марковска- Нона на Саемот на книгата во Скопје. Битолчанката Ивона ги потпиша книгите на заинтересираните читатели на штандот на „Култура“. Промоцијата за Битола е закажана за 22.05.2019 од 17:00 часот во Малата сала на Домот за Култура.
Битола го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, кога во 1945 година нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата во Втората светска војна.

![]()
Имав само девет месеци кога татко ми Димитар Илиевски –Мурато ме стави во обичен ранец и ме однесе на Пелистер, емотивно раскажува Јонче Илиевски, син на Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848м.н.в.), но за жал не успеа да се врати назад. Утре се навршуваат три децении од неговиот храбар подвиг, па по тој повод ќе се организира 30-от традиционален планинарски марш на Пелистер, изложба, а семејството на Муратот денес беше примено во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.
