Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот. За среќа,  сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан, информираат од Општина Битола.

Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари - Карамани.

За таа цел, ја објавуваме патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите, велат од општината.

Ученици од нижото  и средното  образование од  Државно музичко училиште – Битола изнудија силни апаузи и воздишки на годишниот  завршен концерт што  се одржа на сцената  на НУ Народен театар – Битола.

Гудачкиот оркестар под диригентската палка на професорот  Никола Трајановски, го отвори концерот по што следуваа ученици од нижото музичко училиште- Јована Јосифовска на виолина, Стефан Кулевски на труба, Мила Нечовска, Деа Ивановска, Софија Михајловска, и Андреа Николовска, сите на пијано и Емилија Богоевска на виола.

muz

Од средното училиште пред публикатасе претставија   Јована Арсоска, Бојан Димитровски и Александра Гическа на пијано, Љубица Здравковска и Злата Данаиловска настапија како дуо пијано, Наум Наумоски – баритон и Елеонора Џоџоска – сопран, Благица Блажеска на виолина, Андреј Илиоски на кларинет, Бојан Анакијевски на ксилофон, Дарко Кулевски на хармоника и Кристина Љушкоска на флејта.

Накрај  училишниот хор под раководство на проф. Лилјана Трајковска Дамевски приреди вистинско музичко задоволство со  атрактивна програма , аранжман на песни од Тоше Проески, “Adiemus“  и  композицијата “We will rock you“, која предизвика силни емоции кај публиката.

muz2

 

Приредба со музички точки и спортски натпревар меѓу татковците и децата се одржа по повод патрониот празник на градинката„ Мајски цвет“’ на која учествуваа клоновите „Качунка“, „Кокиче“, „Пеперутка“ и „Коца Василевска“.

Со пригодна приредба што се одржа под мотото „Биди виножито во нечиј облак“ ОУ „Коле Канинаски“ од Битола го одбележа својот патрон празник.

Втората по ред  Womenpreneurs Stories Битола пред битолчани ги претстави успешните  бизнис приказни  на Билјана Илиева  Ванчевска  сопственик  на заботехничка лабораторија „Ла Про Дентал“, Христина Фуна- менаџер во Синпекс ДОО-Битола  и Софија Ристевска- Петрушева, режисер и сопственик на Интимен театар -Битола.

Наде Геневска Брачиќ етнолог, кустос советник во битолскиот Завод и музеј е прогласена за музејски работник за 2018 година. Наградата ѝ ја додели Меѓународниот совет на музеите -ИКОМ Македонија во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите.

Без денар поддршка од државата, а во исчекување дека Општина Битола ќе ги помогне, во четврток започнува 38 издание на детската ликовна колонија „Малиот Битолски Монмартр“ во Битола. На два дена пред почетокот на оваа реномирана детска ликовна манифестација од Министерството за култура не пристигнале ни 100 000 денари што Детското ликовно студио од Битола ги доби од Националната програма за поддршка на културата.

Продолжува обележувањето на  пешачките премини во Битола, со неколку екипи на терен.  Денеска се работи  на улицата „Партизанска“, а според динамиката на терен, ќе се продолжи и во останатите делови од градот.

Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.

zebra 2

zebra 3

Се реконструра улицата „Кленовец“ во Битола со нова канализациска и водоводна мрежа, а градоначалничката Наташа Патеровска најави и партерно уредување на оваа улица.

-Промена на канализација и водовод на крак од ул. „Кленовец“ по што следи партерно уредување,напиша Петровска на Фејсбук.

klen 1

Од Општина Битола, велат дека преку своите јавни претпријатија ЈКП „Водовод“ и КЈП „Нискоградба“, започна со менување на водоводната мрежа и мешаната атмосферска канализација на овој крак од улицата „Кленовец“.
-На задоволство на жителите на оваа улица, нивните барања стануваат реалност, преку решавање и надминување на уште еден, за нив суштински проблем, велат од Општината.

Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во април биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен, а во последната недела од месецот може да се констатира исклучително чист воздух во Битола. Но, загрижуваат податоците за средномесечните концентрации  за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од платформата „Земи здив“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани