Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолчани и оваа есен се пред нов предизвик за пошумување на ридот над населбата Баир.

Акцијата за пошумување  е најавена за во недела (17-ноември) од 11 часот  со збирно место кај црквичето „Св. Четириесет маченици“- Кркардаш

Волонтерска акција за пошумување на ридот над Населба Баир во Битола во организација на ФОРУМ ЦСИД поддржана од Проектот на УСАИД за Граѓанско Учество.Организаторите порачуваат „ќе биде добредојден секој од Вас кој сака малку да се подружиме, да поможиме и да засадиме наше дрвце на прекрасниот Баир“.

Во рамките на оваа акција планирано е да се засадат најмалку 100 садници за зимзелени дрва - бор од страна волонтери од повеќе граѓански организации. Преку промоцијата на овој настан би ја поттикнале свеста на граѓаните за важноста на зелените површини во близина на градските населби, како и во градот. Просторот на кој се планира да се реализира оваа акција е поранешната борова шума на ридот над населбата Баир (кај манастирот Кркардаш), велат организаторите.

Инвестирањето во наука и општо во образованието се капитална инвестиција, а не јавна потрошувачка, порача проректорот за настава на Универзистетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Пораката ја упати на Меѓународниот ден на науката, признавајќи дека не само кај нас, туку и во други држави од опкружувањето, па и поразвиени земји науката е на маргините.

Што е одржливост и што значи да се биде граѓанин е темата на меѓународниот проект „Одржливо живеење-Активни граѓани“, а домаќин на овие активности е СОУ „Таки Дасакало“ од Битола. Овој проект се реализира во рамките на програмата Еразмус Плус, водечка програма на Европската Комисија фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот. Во овие активности кои ќе се одвиваат до 17 ноември, учествува група од 40 тина наставници и ученици од партнерски училишта во проектот и тоа од Норвешка, Германија, Финска, Италија и Франција.

Општината вложи над 820 000 денари во отворање на три занимални во три различни градинки при ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола. Со занимални се подновија градинките „Колибри“ во населба Стрелиште, „Вангел Мајоро“ во Кланица и „Росица“ во Буковски Ливади.

Комфорна зона - звучи познато? Се почесто се експлоатира овој поим во контекст на нејзино напуштање за подобар живот. Можеби сте добиле впечаток дека тое е нешто што Вас ви е пријатно, ама треба да се излезе од тоа за да се ,,има живот“. Па, се чувствувате како да не сте доволно живи. Иако во последно време многу се зборува за комфорната зона, мојот впечаток е дека нема доволно појаснување, па се создава конфузија.

Комфорната зона е нешто што ви е познато, нешто во кое сте развиле рутина и се чувствувате сигурно. Тоа е нешто на кое сте навикнале, познати ви се вашите мислења, однесувања и ставови, едноставен смер по кој се движите. Проблемот се појавува кога таа рутина ќе ве доведе до монотонија и ќе започне да влијае на Вас при што добивате желба да остварите, имате,унапредите, променете нешто во некој сегмент од вашиот живот. Обично во комфорната зона се наоѓаат односите со вашите блиски луѓе, како и однесувањето кое го манифестирате, а спротивно на тоа се непознати личности и однесувања кои не можеме да ги контролираме. Комфорна зона не е само нешто позитивно туку во оваа зона е и токсична врска во која страдате, но во неа можете да предвидите скоро се. Иако не ви одговара, останувате таму. Зошто? Затоа што ви е познато. А зошто не ја напуштате? Затоа што имате страв од непознатото.

Комфорната зона ја напуштаме кога сакаме, но и кога околностите тоа го сакаат од нас, затоа што во животот единствена константа е промената. Иако нашиот ум тежи кон мир и стабилност, животот носи динамика чие струење е под наша контрола. Се чини дека времето во кое живееме постојано не тера да излегуваме од комфорната зона, пример: личност која отвара свој бизнис, жена која го напушта својот сопруг поради малтретирање, студентите кои студираат во странство или пак во друг град исто така излегуваат од зоната на комфорот. Излегувањето од оваа зона не е пријатно, но ги активира нашите потенцијали и ни овозможува исчекор во зоната на учење. Потоа од некомфорна станува комфорна зона се додека не излезете и од неа.

Според мене, комфорната зона не мора секогаш да се напушта. Можат да се поместуваат нејзините граници така што одреден период ќе бидете надвор од неа се додека тоа не се припои во сигурната зона. Што значи тоа конкретно? Ако имате добра работа, добро здравје, добри партнерски односи во кои уживате и не би ги менувале, прашајте се “што јас можам уште да направам за да стане подобро.” Во тој креативен период има бура на идеи и Вие зачекорувате кон промени. Тогаш намерно, насочено и смислено влегувате во некомфорна зона која ги проширува границите на комфорната и е блиску до неа, што значи дека го прифаќате и го предизвикувате стравот.

Прашањето кое има круцијално значење пак и треба да си го поставувате почесто е:
„дали сакам да ги проширам границите на мојата сигурна зона, да вложувам во мојата иднина, да ги следам своите соништа и да ги ширам сопствените хоризонти преку непознатото?” Ако одговорот е ДА тогаш сте спремни да ја напуштате комфорната зона и да не дозволите вашиот страв да владее со вашите цели додека умот ви кажува дека овие ограничени можности се добри за Вас.

Поголеми проблеми со излегувањето од комфорната зона се случуваат кога правиме драстични чекори. Процесот на учење е незаприлив, па некој од тоа ќе направи комфорна зона, а некој ќе се врати на познатата. Важно е да знаеме дека тогаш имаме можност да еволуираме и да ги активираме сопствените потенцијали, да научиме многу, а правопропорционално на тоа да прогресираме.

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.               

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

Објавен е тендерот за поставување на настрешници во Градскиот пазар во Битола. Ќе биде покриен делот каде се продава бижутерија, ќе бидат поставени нови тезги, нова канализација и водовод, ново партерно уредување, вели директорот на ЈП Пазари-Битола Владе Атанасовски.

Според Атанасовски вкупна инвестиција е 250.000 евра, средства добиени од Општина Битола и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието.

73304034 1022739674743683 5676043227216478208 o

Вонредни инспекциски надзори во капацитетите кој се можни загадувачи на амбиенталниот воздух ќе вршат овластените општински инспектори за животна средина, комуналните инспектори, како и градежните инспектори. Воведени се двосменски дежурства и дежурства во деновите од викендот при што е потребно постојана придружба односно тимски работа заедно со полицијата, информираат од Општина Битола.

Синдикатот за образование, наука и култура СОНК и Министерството за образование на денешната заедничка средба постигна договор за покачување на платите од 1-ви јануари следната година.

На денешната средба во просториите на министерството беше постигнат договор со кој платата на просветарите се покачува за 10 % од 1 јануари 2020.

Министерот Арбер Адеми истакна дека ова покачување доаѓа после двете претходни покачувања

-Со ова одлука ќе се враќа дигнитетот на оваа професија. Во следниот период МОН ќе продолжи со подобрување на материјалните и нематријалните компоненти во образованието. – рече Адеми.

Покачувањето на платите важи за средните, основните и виши училишта. Министерот информира дека покачување од 25% има и за научните институти.

Претседателот на СОНК истакна дека нивното барање за зголемување на платите, денеска беше официјално прифатено.

За таа цел сакам да истакнам дека ова е почеток на нови конструктивни разговори со МОН. – рече претседателот на СОНК Јаким Неделков.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани