2win800x200

Евгенија Дивитарова освои Златна плакета на Макинова 2019 за нејзината иновација CNC машина

Ноември 11, 2019

Ученичката од средното Техничко училиште во Битола,  Евгенија Дивитарова освои златната плакета на 40 јубилејна меѓународна изложба МАКИНОВА 2019.Наградата е за нејзината иновација, новата  CNC машина која гравира и дупчи со бормашина. Во мошне силната конкуренција,  ученичката  Дивитарова, под менторство на проф. Билјанка Христовска, освои златната плакета. На изложбата учествуваа над 30 учесници кои ги презентираа своите иновативни решенија и достигнувања.

На 8, 9 и 10 ноември во Музејот на град Скопје се одржа традиционалната и најголема меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 , оваа година јубилејна 40-та по ред. Овој настан е во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

Евгенија и минатата година имаше златен медал на Макинова и е една од оние млади луѓе кои постојано се инвентивни и истражуваат. Со својот труд таа го привлече вниманието и на претседателот  на Р.С.Македонија, Стево Пендаровски.

received 460439764586969

На изложбата беа изложени пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво. 

Евгенија и овој пат доби поддршката од ФОД Битола.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани