Анета Блажевска

Анета Блажевска

Здружението на пенизонери од Битола, на сите пензионери и граѓани на Битола им го честита 4 Ноември-Денот на ослободувањето на градот

Отворен е Центар за дојка во Клиничката болница во Битола каде денес во употреба беше пуштен најсовремен мамограф за скининг на карцином на дојка. Во Центарот може да се направи и магнетна резонанса и ехо дијагхностика кај пацинетите на само од Битола, туку од Југозападниот регион, со што тие добиваат прецизна дијагностика.

Во Градскиот парк, во организација на велосипедскиот клуб „15 ти Мај“ викендов  се одржа традиционалната велосипедска трка. Натпреварувањето беше во неколку категории, а најбрзите беа наградени. Медалите и плакетите на учесниците во трката им ги врачи заменик градоначалничката на Битола, Емилија Костурски.

velosipedska trka

 А.Б

Викенд програмата по повод 4 Ноември заврши со градското кугларско првенство, во организација на Кугларскиот клуб „Пелистер 1982“, на кое присуствуваше и градоначалничката Петровска и вети дека Битола наскоро ќе има многу подобрени услови за развој на овој спорт. 

А.Б

Сојузот на спортови од Битола и годинава на Денот на ослободувањето на градот беше организатор на традиционалната ноќна атлетска трка, на која учество зедоа околу 1000 натпреварувачи. На најбрзите им беа доделени медали и плакети, а дел од нив ги додели и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

„Ме радува тоа што сум присутна на оваа најстара спортска манифестација, која веќе 60 години се одржува во Битола. Спортскиот дух мора да се јакне, а особено е важно што на оваа трка учествуваат ученици, средношколци, студенти и рекреативци од сите возрасти“, рече Петровска.

nokna trka 3

Ново излеаната биста на борецот од НОБ Јонче Мурџевски е поставена на постаментот во Градскиот парк во Битола и тоа во очи на прославата на 4 Ноември -Денот на ослободувањето на Битола. За поставување на новата биста се ангажираа  АМД "Ѓорѓи Наумов"-Битола  во соработка со Сојузот на борци од Битола. Спомен бистата на борецот Јонче Мурџевски е сместена во Градскиот парк, спроти Спортската сала.

А.Б

 
4 ноември 1944 година, по четиригодишна окупација македонските борци го ослободија градот Битола.

Народниот театар од Битола со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, а во режија на Итаи Дорон тргна на гостување во Пекинг и Шангај во Кина. Претставите се закажани за петок и сабота оваа недела. Актерите на своите фејсбук профили напишаа дека на овој начин ѝ го честитаат празникот на Битола, 75 години од ослободувањето.

Пожар избувна вечерва под тунелот кај обиколницата над Битола, а по пријавата на апла.мк противпожарната единица веднаш излезе на терен и се уште интервенира на опожареното место.

За време на викендот во Битола се одржа традиционалниот дводневен празничен  шаховски турнир за слепи лица со учесници од целата држава. Шаховскиот турнир за слепи лица е  во редовната програма по повод Денот на ослободувањето на Битола. Лицата со овој вид хендикеп уште еднаш го покажаа својот спортски дух и желбата за заедничко дружење. А со нив партија шах изиграа и претседателот на Совет Валентин Груевски и советниците Емилија Костурска и Борче Корлевски од СДСМ. Општина Битола го поддржува овој турнир како и сите активности кои се во насока на подобар живот на лицата со хендикеп.

74407024 557839118312791 926038375431929856 n

74165138 545638676193316 8192673932713656320 n

А.Б

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани