
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локалното мнозинство и опозицијата денес расправаа за развојните планови на Општина Битола во периодот од 2020 до 2022 година. Опозицијата обвини дека едно од главните ветувања што било дадено уште во претходната развојна програма не е реализирано, а тоа е гасифиакција. Од власта им одговорија дека екипа од Општината посветено работи на реализацијата на тој прокет, но ќе го направат и Офицерскиот дом, трибината на Стадионот, како и реконструкција на улицата „Илинденска“.
Ред се чека за тобоганите во паркот за деца и лица со посебни потреби во Градскиот парк во Битола. Иако паркот се уште не е официјално промовиран сепак од најмали до тинејџери уживаат во забавата. Така беше и денеска претпладне. Новото катче за забава и рекреативни активности се реализира со средства од Министерството за локална самоуправа, заедно со Швајцарската развојна агенција, а по предлог на Пелагонискиот плански регион.



А.Б
Првиот човек на РЕК-Битола Златко Ќурчиевски ги оквалификува како конфузни и манипулативни обвинувањата за РЕК Битола од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска.
Ќурчиевски јавно и отворено одговори на обвинувањата иако како што рече бил во недоумица дали се работи за шега или сериозна изјава.
АД ЕСМ донираше 10 илјади евра за фотоволтаична централа на Техничкиот факултет во Битола со што уште еднаш се потврди долгогодишна соработка меѓу компанијата и факултетот. Централата ќе се постави на објектот на Техничкиот факултет и ќе се користи за добивање на електрична енергија за сопствени потреби и истовремено инсталацијата ќе се користи како лабораторија за студентите за нивно едуцирање.

- Соработката што факултетот и компанијата ја имаат датира одамна, но во цел тој период изостанала конкретна поддршка од страна на ЕСМ за институцијата. Тоа го менуваме со одлуката ЕСМ да додели 10.000 евра на Техничкиот факултет Битола за поставување на фотоволтаици на покривот преку кои ем ќе обезбедува дел од сопствените потреби за струја, ем ќе може да ја користи инсталацијата како своевидна лабораторија во која студентите практично ќе се едуцираат. Се надевам дека со оваа донација ЕСМ како енергетски стожер во земјава ќе даде придонес за квалитетна обука на стручни кадри во областите кои се неопходни за освежување на човечкиот потенцијал во компанијата и во земјата, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ на Република Северна Македонија.
Фотоволтаичната електро централа од АД ЕСМ ќе биде со моќност од 10 киловати. На Техничкиот факултет во Битола веќе се инсталирани две централи донации од МЕПСО, истотака со моќност од 10 киловати и од ЕВН. Вишокот произведена струја ќе се продава, што според деканот на техничкиот факултет Стојанче Нусев ќе биде придонес во финансискиот дел за факултетот.
-Голема благодарност за донацијата, фотоволтачна-електро централа. Таа ќе биде монтирана на кровот на нашиот факултет. Вишокот електрична енергија ќе се предава во системот на АД МЕПСО. Централата ќе служи и како лабораториска опрема за студентите на електро-техничкиот и машинскиот отсек, рече Нусев , декан на Техничкиот факултет од Битола.
Според деканот оваа година на факултетот ќе почнат и обуки за оператори со фотоволтаични централи.
-Алтренативните извори на енергија ќе бидат се попопуларни и од наредната година во рамките на т.н неформално образование, сите кои завршиле средно образование ќе се стекнат со струка оператори со фотоволтаични централи. Имаме смерови заштита на животна средина каде ќе се изучува оваа проблематика, добивање на струја од алтернативни извори на енергија. Секако ќе се намали и загадувањето , рече деканот Нусев.
А.Б
Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ и финската музичарка Хели Сиекинен од Финска кои се гости на Фестивал на музика од светот, заедно со директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, засадија дрвца пред Центарот во Битола.
Меѓусебната почит на актерскиот колектив која се негувала со години, а не попуштала дури и пред невкусните шеги од битолскиот ансамбл направи големо семејство.
Денес на Светскиот ден за борба против дијабетесот во организација на ОО на СДСМ и Комисјата за здравство се одржа трибина во село Кравари со цел да се изврши едукација на населението за рана детекција на дијабетот.
Во рамки на месецот на науката Македонското научно друштво од Битола и Здружението за наука и иновации „Сајанс“ од Велес потпишаа меморандум за соработка, а целта е континуирана размена на информации, размена на публикации од сопствена издавачка дејност, а ќе работат и на заеднички национални и меѓународни проекти
