
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младите генерации да не заборават никогаш низ што врвеле нашите претходници за да ја стенат слободата, порача Данка Јанковска на промоцијата на фото-монографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ посветена на нејзиниот татко, партизан и голем уметник.
Вистински вулкан, како што впрочем беше насловен и концертот, се случи вечерва во Центарот за култура на последната вечер од Фестивалот на музика од светот со настапот на Џамбо, оркестарот Агушеви и специјалниот гостин, битолскиот кларинетист Благојче Трајковски.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски уверува дека нема да се гради депонија за Југозападниот регион во Битола. Тој потврдува дека за ова прашање кое денеска внесе вознемиреност меѓу битолчани разговарал и добил потврда од премиерот Зоран Заев.
Во 15,40 часот во Битола беше почувствуван земјотрес чиј епицентар беше во Грција. Епицентарот беше на осум километри северозападно од Лерин, односно на 21 километар јужно од Битола. Јачината беше со магнитуда 3, а длабочината на епицентраот еден километар. Ова беше уште еден од серијата земјотереси што во последно време се случија во Грција и Албанија, а беа почувствувани во Битола.
Вистински музички спектакл приреди балканската музичка ѕвезда на Фестивалот на музика од светот во Битола. Битолчани ги почести пеејќи ја песната ,,Ако одам во Битола", а потоа следеа ,,Јовано, Јованке", ,, Судбо клета", ,,Шекерна"" и други македонски и српски хитови.
Српската поп ѕвезда, Јелена Томашевиќ, пред вечерашниот концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, прошета по Широк Сокак и се пофали со фотографија на инстаграм под која напиша : „Ако одам во Битола ќе прошетам по Широк Сокак“, стих од една од најпопуларните песни за Битола чиј автор е Петар Георгиев Калица.
Гого Видимче директорот на Пелагонискиот плански регион по чија иницијатива се изгради новиот детски парк во Битола најавува дека полицијата е во акција да ги открие вандалите кои ноќеска се изживуваа во паркот.
-Играчките кои беа уништени се повторно ставени во употреба.
Зарем и овој импозантен детски парк кој за прв пат се случува во нашата Битола, се трудите да го уништите?
Од денес во координација со МВР се преземаат мерки, секој кој на било каков начин ќе се обиде да го уништи ова наше заедничко добро, да биде пронајден и санкциониран.
Нема да дозволиме 99% од најмладите да страдаат поради 1% несовесни поединци, затоа што ништо не е толку вредно колку детската радост, напиша Видимче на својот фејсбук профил.

А.Б
Вандали ноќеска се изживувале во новиот детски парк сместен во Градскиот парк во Битола . Срушиле реквизити, испишале клупи и делови од опремата во паркот со графити и се потпишале со своите имиња. Ова се случува само неколку дена откако се монтирани и поставени елементитите во паркот, кој допрва го чека официјалното пуштање во употреба. Покрај паркот стои табла на која пишува дека тој е по видео надзор.





А.Б
