
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеникот на Социјалдемократскиот Сојуз од Битола, Александар Кирацовски, ќе поднесе Предлог закон со кој кривичните дела извршени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат, напиша тој на својот фб профил.
„Спасувањето на Никола Груевски од кривичен прогон во случајот ‘Траекторија’ е ситуација која не смее да се дозволи и да се испушти од вид, туку треба да се предвиди и превенира, особено ако се има во вид крајно корумпираното судство (со чесни исклучоци), подготвено да биде на услуга на екс политичкиот кадровик во судскиот систем.
Бегството во Унгарија и застарувањето на ова дело, (Траекторија), поради истекување на рокот од шест години, без правосилна пресуда, од јавноста се прочитани како спас на симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, луксуз кој не смееме да си го дозволиме ни сега ниту во иднина“, напиша Кирацовски.
Тој најави дека ќе побара поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.
„Словенија е топ дестинација за студенти од Северна Македонија. Тоа станува своевирден феномен. Во моментов има околу илјада македонски студенти, што е рекорд оти од ниедна друга земја нема толку“, рече словенечкиот амбасадор Милан Јазбец кој денес промовираше свои книги во Библиотеката на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Утре во 18 часот во Завод и музеј Битола ќе биде промовирана фото-монографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ чиј автор е неговата ќерка, новинарката Данка Јанковска. Организатор на промоцијата е Општинскиот одбор на Сојузот на бораци од Битола.
Во денешните учебници ги нема како порано илустрациите од антифашистичката Народно ослободителна борба (НОБ) нацртани од умешните раце на големиот македонски ликовен уметник и партизан Тоде Ивановски (1924-2005) од Битола. Критичарите велат дека со една линија со молив или туш знаел да наслика цела композиција, па и битка од НОБ. Генерации израснаа гледајќи ги неговите цртежи во учебниците по македонски јазик и историја. Неговите цртежи од НОБ беа едни од најзастапените во учебниците и лектирите.
„Ме прашуваат како е да се живее 30 години со дијабетес тип 1, а јас им велам нормално како и сите останати луѓе, само што јас успеав да наметнам строга дисциплина во исхраната и контрола на стресот зашто стресот е најголемиот непријател на дијабетесот.
Учениците од второ одделение од ОУ „СВ.Климент Охридски“-Битола денеска го посетија Градскиот пазар во Битола и заедно со вработени од ЈП Пазари се запознаа со работата и активности на претпријатието , но и со есенските производи кои се продаваат на зелениот пазар.
-Денес не посетија вторачињата од 5 одделенија заедно со директорката Гордана Анастасовска од ОУ “Климент Охридски“ од Битола. Учениците се запознаја со сезонските производи кои се продаваат во пазарот во Битола, вели директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски.



Јана Ристевска и Христина Врчковска челнови на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методи“се закитија со награди на претстижниот конкурс во Канагава, Јапонија.
Мадали, награди и врвни признанија за членовите на Детското ликовно студио од Битола, објави Елена Хаџиантоновска организатор на Малиот битолски монмартр.

А.Б
