Анета Блажевска

Анета Блажевска

 Греењето на дрва во Основното училиште ,,Кирил и Методиј" комплетно ќе се замени со современ систем на затоплување кој нема да ја загадува животната средина, најави градоначалничката Наташа Петровска. 

,,За ова основно училиште  веќе е потпишан договорот за целосна промена на начинот на греење.  Па, греењето на дрва ќе биде минато уште во оваа грејна сезона. Се очекува избраната фирма да го инсталира системот до 19 декември, да биде поставено. Системот на инвертери ќе работи на струја, а дрвата целосно ќе бидат отфрлени како начин за греење", рече Петровска. 

Таа најави дека се обидуваат да издејствиваат ист начин на греење и за ОУ„Стив Наумов“. 

Александар Касапов  е реизбран на функцијата претседател на општинската организација на Либерал-демократската партија во Битола. На 7-то изборно собрание на Либерално-демократската партија-Битола што викендов се одржа во Битола Касапов ја доби максималната поддршка да продолжи да раководи со партијата во Битола. За Апла.мк Касапов вели партијата ќе продолжи со транспарентно,чесно и  одговорно.

ЛДП  е партија со најдолг стаж во опозиција, за време на Шарената револуција во протестите, но и со свои говорници на истата.

Преку своите советници во Советот, активности на социјалните мрежи и редови прес конференции беше дел од коалицијата која успеа да ја порази погубната политика на ВМРО и Владимир Талески. После парламентарните и локалните избори ЛДП стана дел од централната и локалната власт. Кадрите на ЛДП кои раководеле и раководат со институциите , чесно и поштено, посветено ја извршуваат својата функција. Транспарентното работење на кадрите на ЛДП било и  ќе биде одлика на ЛДП и во наредниот париод, изјави Александар Касапов, претседател на ОО на ЛДП во Битола   

Над 90 слободни работни места, денес беа понудени на штандовската презентација на 10 компании кои имаа можност да се претстават во рамките на Саемот на кариера, кој се одржува во Битола по четврт пат, во организација на МКЦ Битола и со поддршка од Општина Битола. 

Во рамките на кампањата „Гласно против гласини“ – Секоја една е вредна, денес во Основното училиште Ѓорѓи Сугарев се одржа работилница преку која на учениците од ова училиште им беше пренесена пораката „Слушајте го својот глас“. Кампањата која пред се има за цел да даде нови насоки во борбата против гласините кои што ги дискриминираат жените, е поддржана од Мисијата на ОБСЕ и Општина Битола, а координатор на активностите е Фатма Бајрам Аземовска. Во соработка со училиштето во следниот период предвидена е организација на повеќе вакви настани, кои имаат за цел да ги насочат учениците на правилно размислување, делување без присуство на дискриминација и најважно реализација на сопствените желби за напредок, без стереотипи и предрасуди.

На денешната работилница, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска преку интерактивна комуникација со учениците разговараше и за својот пример и достигнувања, токму во оние области за кои сеуште се мисли дека во најголема мера припаѓаат на светот на мажите. Нејзиниот пример на жена градоначалник е уште една потврда дека секој ученик, независно од социјалниот статус, родовата или националната припадност, еден ден може да биде успешен бизнисмен, лекар, политичар, спортист. Учениците потврдија дека ваквите активности се вистински поттик за нивната понатамошна професионална ориентација.

Денешниот настан е дел и од активностите за реализација на акцискиот план на Општина Битола за подобрување на положбата на жената ромка, поддржан од министерот без ресор Музафер Бајрам.

Добитникот на престижната европска награда LUX prize awards за оваа година е македонскиот филм “Господ постои, името и е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска. Од 6 до 8 ноември годинава Европа живееше во знакот на LUX films days, а Киното во Центар за култура Битола беше единственото кино во нашата држава кое се вклучи во симултаните филмски проекции кои се случуваа во 25 избрани кина од 20 европски земји.

Овој проект е познат ширум Европа по пан-европски симултани проекции на филмовите кои се во трка за наградата LUX FILM PRIZE за најдобар европски филм, во различни градови и држави, во идентичен тајминг. Киното при НУ Центар за култура Битола беше селектирано, заедно со 25 други кина од над илјада европски кина.

„На 6 ноември во 20 часот имавме бесплатна кино проекција на која беше прикажан нашиот македонски филм-тогаш кандидат за наградата, а по проекцијата во живо од Лондон на големото платно во Центарот за култура ја следевме сесијата со прашања и одговори организирана во рамките на овој значаен настан посветен на оваа престижна филмска манифестација во Европа. На проекцијата имавме полна сала до последното место, како поддршка за нашиот филм“, велат од Центарот за култура.

Ова е уште еден доказ дека 3Д киното во Битола е културен арбитер во нашата држава.

Инаку, наградата LUX од 2007 година ја доделува Европскиот парламент за достигнувања во кинематографијата. Наградата го насочува вниманието кон јавната дебата во Европската Унија и нејзините политики, и дава потпора за ширење на европските копродукции. Деновите на LUX филмовите се организираат во текот на есента во повеќе од 40 градови во Европската Унија и се видлив израз на ангажманите на Европскиот парламент во подрачјето на филмот и културата. Филмовите кои се во финалниот избор се прикажуваат во 28 држави на ЕУ.
Ж.З.

Вечерва на  задоволство на битолската публика, Битолскиот дувачки оркестар и  Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште – Битола, под раководство  на професорот Марјан Бакревски, одржаа одличен концерт во Големата  сала на Центарот за култура, која беше исполнета до последно место. На репертоарот двата дувачки оркестри се претстааија со дела во различни стилови, а доминираше  маршовското свирење. Битолските солисти Дамјана Апостоловски и Александар Гацоски,  изведоа  арии и канцони, а на концертот  учествуваше и детскиот хор Ѕвончиња. 

Наташа Илиева, професор по англиски јазик е поставена за нов директор на Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Билјана Кокалевска, која на чело на училиштето беше во изминатите две години.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани