Направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19:
„Екипите на зимската служба на Општина Битола, од утрово постојано се на терен. Во моментот расчистувањето се врши со 10 возила, а за досегашната интервенција искористени се 25 тони сол и 25 тони ризла, при што чистењето се врши по приоритет согласно усвоената програма од Советот на Општина Битола за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општината за сезоната 2021/2022 година, односно прво се чистат улиците од прв приоритет и критичните точки, а потоа се продолжува со континуирана работа на другите места.
Постојаните снежни врнежи дополнително го отежнуваат целосното расчистување, но според временската прогноза се очекува во текот на денот интензитетот на врнежи од снег да се намали, а вкупната снежна покривка да достигне 10 сантиметри, при што според состојбата на сообраќајниците ќе биде вклучена и дополнителна механизација за расчистување, како и нови количини на сол и ризла, согласно потребите“, соопштија од Општина Битола.
--
Голем е бројот на болни кои бараат преглед и лекарска помош во ковид-амбулантите во Клиничката болница во Битола. За едно деноноќие, во амбулантите биле извршени 157 прегледи на сомнителни и позитивни пациенти на ковид-19. Со овие бројки притисокот врз амбулантите и понатаму останува голем. Инаку, бројот на хоспитализации е приближно ист како пред десетина дена. Вкупниот број на хоспитализирани сега изнесува 56, од кои 31 пациент прима терапија во дневна болница. Број на пациенти на кислородна поддршка е 24.
Пациентот кој почина утрово на 32 годишна возраст од коронавирусот , првпат се јавил на преглед во битолската Болница на 17 јануари. иако бил во тешка сосотјба, одбил хоспитализација. Примал терпаија во дневната болница на Инфективното оддление, но, на 18 јануари вечерта поради екстремно влошена здравстена сосотојба бил задржан на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство.
Веднаш му била дадена соодветна терапија и кислородна поддршка, биле преземни реанимациони мерки, но починал денеска во утринските чаосви.
Пацинетот не бил вакциниран, а имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина.
