2win800x200

Директорот на Нискоградба Талевски: „Продолжува чистењето на снегот и во вечерните часови“

Јануари 21, 2022

Директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски информираше дека континуирано се работи на чистење на снегот од улиците, а екипите ќе бидат дополнително ангажирани и во попладневните и вечерните часови, кога ќе биде и фреквенцијата на сообраќајот намалена. Дополнително, се расчистува снегот во руралните места, како и во потпелистерските села.

Расчистувањето се врши со 10 возила, а до 15.00 часот искористени се 25 тони сол и 30 метри кубни ризла, при што чистењето се врши по приоритет согласно Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2021/2022 година, односно прво се чистат улиците од прв приоритет и критичните точки, а потоа се продолжува со континуирана работа на другите места.

Постојаните снежни врнежи дополнително го отежнуваа целосното расчистување до 15.00 часот, но со намалувањето на интензитетот на врнежи од снег се зголемува можноста за делување и со дополнителна механизација и нови количини на сол и ризла на местата каде е потребно.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани