2win800x200

За едно деноноќие направени 157 прегледи на пациенти заболени и сомнителни на ковид-19

Јануари 21, 2022

Голем е бројот на болни кои бараат преглед и лекарска помош во ковид-амбулантите во Клиничката болница во Битола. За едно деноноќие, во амбулантите биле извршени 157 прегледи на сомнителни и позитивни пациенти на ковид-19. Со овие бројки притисокот врз амбулантите и понатаму останува голем. Инаку, бројот на хоспитализации е приближно ист како пред десетина дена. Вкупниот број на хоспитализирани сега изнесува 56, од кои 31 пациент прима терапија во дневна болница. Број на пациенти на  кислородна поддршка е 24. 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани