Пешаците да притиснат на тастерот за да поминат на семафорите кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на „Камен мост“ во Битола

Јули 02, 2026
Семафорите кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на „Камен мост“ се ставени во редовен режим на работа, соопшти Општина Битола. Во овие денови многу пешаци чекаат да се вклучи зеленото светло за да поминат на пешачкиот, но тоа се регулира со тастер што е на самиот столб од семафорот. 
Според соопштението од Општина Битола - на нив постои тастер со притискање за регулирање на движењето на пешаците, чие времетраење е 15 секунди за пешаците, a потоа следните 15 секунди се за возилата.
Граѓаните кои во група ги минуваат премините потребно е со притискање на тастерот означен на столбот на семафорот да овозможат сигнал за слободен премин, а стоп за возилата.
Тастерот за регулирање со притискање е направен од фирмата „Електро Софт“ од Македонија, како и самиот контролер на семафорите, кои пак се странско производство.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани