Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Битола, почна да работи на стабилизирање на Фудбалскиот клуб „Пелистер“ и создавање добра основа, буџет и управа, кои ќе придонесат за спортско издигнување на клубот. 

„Тоа што го најавивме пред неколку дена, дека како Општина застануваме зад ФК „Пелистер“, веќе го реализираме.  Имајќи ја предвид затекнатата состојба, како и потребата од брзо делување, веќе ги исплативме заостанатите обврски на клубот за месеците октомври, ноември и декември 2021 година. Со тоа, заклучно со 01.01.2022 регулирани се финансиските обврски на клубот, со цел создавање основа за понатамошно добро функционирање и подготовки за постигнување на добри резултати“, рече градоначалникот Тони Коњановски. 

Покрај решавањето на финансиските проблеми, се пристпи и кон кон решавање на останатите проблеми со кои се соочува клубот. Нов спортски директор на клубот е Ванчо Мицевски. 

„Тука со нас се и големите фудбалски имиња, легенди на битолскиот фудбал Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравевски, Спасе Ристевски и Златко Цветановски, со кои во изминатиот период имавме координативни средби и состаноци на кои разговаравме за иднината на клубот, при што посебно ми е драго што ја прифатија подадената рака од Општина Битола, да дадат поддршка и да бидат дел од процесот на спортско издигнување на клубот. Со реализираните активности, како и работата која не очекува во следниот период, очекувам дека ќе постигнеме стабилизирање на клубот, а како поддршка во таа насока очекувам коректен однос од претходните сопственици, со цел навремено и соодветно делување во интерес на застанување на клубот на здрави нозе и негово комплетно опоравување од незавидната ситуација во која го затекнавме“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.0

Ванчо Мицевски, изрази благодарност до градоначалникот и општината за големиот чекор и преземањето на ФК Пелистер во незавидна бодовна и играчка положба, како и за одлуката спортски луѓе да раководат со клубот.

„Сите знаеме дека ќе биде многу тешко, затоа што навистина заостануваме и со бодови и со време, касниме, пола екипи се веќе заминати на припреми во странство, а ние сега почнуваме да работиме. Не се откажуваме од борбата за опстанок, ќе пробаме, ќе дадеме се од себе, чесно и поштено ќе ја одиграме пролетта и во купот сме во полуфинале, максимално ќе се трудиме, чесно и поштено. Најтешкото е што прво треба да ја вратиме довербата во клубот. Прво, со финансии од општината, потоа, знаеме дека тоа е процес на градење клуб и доверба, значи ни треба еден период, каде што би ги покажале нашите резултати. Овој стадион ќе биде готов за две три години и ќе биде место каде ќе може да се играат европски натпревари, а ние во тој период од 3-4 години, мислиме да го направиме Пелистер, подготвен да се натпреварува во Европа“, изјави новиот спортски директор на клубот, Ванчо Мицевски.

Мицевски изрази верување дека, ФК Пелистер, ќе ја врати својата вистинска позиција на бренд во македонскиот фудбал, од каде и понатаму ќе излегуваат добри фудбалери. Во оваа насока, дополнително ќе работат и тренерите во школата, со цел 70% од играчите да бидат домашни, од битолската школа, а така подготвени, понатаму да бидат и носители на клубот.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

На денешен ден

Јануари 20, 2022

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година. На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година

Во постот објавен на социјалната мрежа Фејсбук, прикажана е фотографија од книга со наслов „Understanding Omicron Variant”. Во описот на постот авторот вели:

Книгата ,,Да го разбереме ОМИКРОН сојот” е заштитена со авторски права во 2020г. (Види слика). Омикрон е откриен пред месец дена а книгата е објавена во 2020, една година пред откривањето на ОМИКРОН во 2021. Затаил Матриксот?
Оваа книга, која авторот сам си ја објавил без издавачка куќа, се тврди дека е авторизирана во 2020 уште пред да постои омикрон варијантата на коронавирусот и оваа фотографија широко се користеше на интернет во еден куп коментари за да се инсинуираат докази за теорија на заговор.
 

Станува збор за книга на 106 страници која првпат се појави достапна за продажба на Амазон, на 5 декември 2021 година.

Авторка на книгата е докторката Тереза Бишоп, а насловната страница тврди дека во книгата читателите ќе пронајдат сè што треба да знаат за омикрон варијантата – од каде доаѓа, одговори на прашањата што ги имаат и други најнови информации за да бидат добро информирани. Корисниците на социјалните мрежи оттогаш ја користат оваа книга за да покажат дека наводно има сцениран и планиран тек на настаните со појавата на омикрон варијантата.

 
 
 
 

Кои се фактите за омикрон?

Омикрон варијантата беше октриена на 9 ноември 2021 година. Светската здравствена организација на 26 ноември 2021 година, советувана од Техничкиот совет за еволуција на вируси на СЗО, ја означи варијантата B.1.1.529 како загрижувачка варијанта. Оваа одлука беше базирана на фактот што омикрон има неколку мутации коишто може да имаат влијание на тоа како овој сој се однесува, на пример, колку брзо се шири и сериозноста на болеста што ја предизвикува.

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга (International Standard Book Number – ISBN), од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Овој број открива врски на книгата+%D0%A1%D0%BE%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8+%D0%90%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B8/@32.8800311,-80.0132473,18z/data=!4m5!3m4!1s0x88fe635e3e01d083:0x6ae9c3b85ad7280b!8m2!3d32.880092!4d-80.012966" target="_blank" rel="noopener" style="color: rgb(0, 109, 92); transition: all 0.4s ease 0s;"> со Јужна Каролина.

Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing).

Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година.

Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Наместо “Understanding Omicron Variant”, треба да стои „Understanding The Omicron Variant”.

Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година, објавена од истата адреса во Јужна Каролина.

На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година.

Поради фактот што не постојат никакви докази дека оваа книга е објавена и достапна за продажба пред декември 2021 година, како неточно го оценуваме тврдењето дека книгата е заштитена со авторски права во 2020 година, пред да постои омикрон варијантата. Оваа информација за заштитата со авторски права од 2020 година е поправена и сега во сегашната верзија на книгата е со датум од 2021 година. Исто така, станува збор за авторка која самата себеси се објавила (self published) така што процесот на контрола е изостанат во поглед на печатните грешки коишто постојат во оваа книга и за кои се напишани и неколку лоши оценки од читателите.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me