
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 28.11.2025 година, во Организација на Федерација на училишен спорт и МССФ во новата сала за спортско стрелаштво во Скопје се одржа Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка за основни и средни училишта. Учество зеде и Општинскиот сојуз за училишен спорт Битола со поддршка на Стрелачкиот клуб „Пелистер“, учениците од основните и средните училишта кои учествуваа на натпреварот се вратија во Битола со вкупно шест медали – кои имаа извонреден резултат што го истакнува континуираниот напредок и посветеност на младите стрелци. -Честитки за сите натпреварувачи! Продолжуваме посилно – со секој истрел чекор поблиску до нови успеси, велст од клубот ,,Пелистер"
Со особено задоволство и гордост ги објавувавме добиените медали на тимот кој се врати во Битола со вкупно 6 медали!


ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ НА УКЛО
Вчера во големата сала на Центарот за култура – Битола свечено беше отворен 17. Фестивал на музика од светот со исклучително топла и емотивна атмосфера. 



Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола подготвуваат извонредно музичко патување околу светот – софистицирана фузија на традиционални песни од различни култури и континенти. Концертот ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура во Битола.
Со меѓународна кариера во светот на филмската музика што се протега речиси три децении, гласот на Царовска е препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови продукции. Таа изведува музика на широк спектар на јазици и стилови — од арапски и грчки до ирански, индиски, бангладешки и ерменски — секогаш враќајќи се кон својата длабока поврзаност со македонската традиционална песна. Во овој специјален музички проект, Царовска претставува избор на традиционални песни што ги открила низ своето долгогодишно уметничко патување. Колекцијата е исполнета со лични мелодии и спомени, оживеани преку нејзиниот препознатлив вокал и богатото звучно присуство на Камерниот оркестар Битола.
Концертот е во рамките на 17. Фестивал на музика од светот, што беше отворен синоќa со настапот на групата „Фонтана“ и гостинката од Измир, Гамезе Матраџи.
Градоначалникот Тони Коњановски доцна вечерва објави дека моторно масло е излеано на една од фреквентните улици во центарот на Битола - При изведување на градежни работи на приватен објект на ул. ,,Климент Охридски", од градежна машина била излеана поголема количина моторно масло. По добиената пријава, Општинската инспекција веднаш излезе на терен и ја потврди состојбата. 

НОВ ПОКРИВ на зградата на ООУ "Св.Климент Охридски" во Битола. Завршена е реконструкцијата на кровната конструкција на ООУ"Св.Климент Охридски" Битола.

