2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градоначланикот Тони Коњановски во лично име и во име на Општина Битола на сите граѓани им го честита големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски.

 
-Голема е славата на денешниот ден. Македонската православна црква со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
 
Делата на големиот просветител Свети Климент Охридски, имаат значајни цивилизациски вредности. Работејќи неуморно, големиот просветител Свети Климент, својот народ го просветлил, го образувал и го облагородил. 
 
Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, меѓусебното разбирање, почит и соработка. Светиклиментовите дела нека бидат наша водилка и поттик во исполнувањето на заложбите за создавање подобра иднина за нас, за генерациите што доаѓаат, како што тоа го прават и образовните институции од нашиот град чиј патрон е големиот просветител.
 
Нека е честит и вековит големиот празник Свети Климент Охридски, напиша Коњановски. 

ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА 

 
5-ти декември е Меѓународниот ден на волонтерите и на овој ден секоја година се доделуваат наградите за најдобри волонтери кои со своите активности и ангажмани го поттикнуваат и промовираат волонтерството во Битола.
Целта е да се зголеми видливоста на  волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно  унапредување и развој на волонтерството на локално ниво. Наградата е од големо  значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во  локалната заедница. 1000010074
 
Локалниот совет за волонтерство на општина Битола (ЛСВ), ја додели наградата за  волонтерски ангажман во локалната заедница за 2025  година на Доброволно противпожарно друштво „Архангел“ – Битола,  иницијативата „ЕкоРозе“, иницијатива „Волонтерско цртање во Зоолошка градина“, Јулијана Делев и Лина Чашитовска.
 
Наградите ги додели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им честиташе за нивниот волонтерски ангажман и посветеност кон заедницата во која што живеат, за изразената солидарност и активен придонесе кон решавање на проблемите во локалната средина.
 
А наградени се за:
 
-Доброволно противпожарно друштво „Архангел“ – Битола се наградува за својот волонтерски ангажман со редовно учествување во акции за помош на населението при поплави, временски непогоди и ризични ситуации, поддршка на заедницата преку јавни кампањи за безбедност, превенција од пожари на отворен простор. А, со тоа нивната волонтерска активност директно се одразува врз безбедноста и подготвеноста на Општина Битола.
 
-Од иницијативата „ЕкоРозе“ се наградува тимот ученици Изабела Шишковска, Бојан Нацов и Андреа Трајковска под менторство на проф. Соња Карапашовска за својот волонтерски труд за иницијативатата „ЕкоРозе“ за воспоставување систем за селекција и рециклирање на текстилниот отпад.
 
- Иницијативата „Волонтерско цртање во Зоолошка градина“ за волонтерска активност реализирана од ученици од ООУ „Елпида Караманди“ и нивната наставничка Славица Маркоска за време на летниот распуст, во периодот од јуни до септември со цел да се поттикне креативноста, љубовта кон животните и еколошката свест кај младите. Учениците волонтерски учествуваа во сликање на мурал во зоолошката градина.
 
-Јулијана Делев се наградува за волонтерската организација на настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ кој се реализираше по трет пат во 2025 година. Целта на настанот беше забава и дружење и запознавање на гостите со македонски автори чии книги можеа да ги купат на самиот настан, како и други книги кои беа обезбедени од страна на организаторот. Собраните средства беа искористени за купување на школски прибор како и други потребни работи за почетокот на учебната година за дечиња со посебни потреби.
 
-Лина Чашитовска се наградува за нејзиниот двегодишен ангажман како Лидер на Клубот на млади, кој беше организатор на најголем дел од настаните за волонтирање на младите на ОО Црвен крст – Битола.
 
На јавниот повик кој беше објавен право да номинираат кандидати имаа организации, институции, неформални групи и други организатори на волонтерска работа. 1000010078 1000010077 1000010076 1000010075

СВР Битола информира  - На 03.12.2025 во 23:30 часот на ул.„Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Д.Т.(24)  и В.Б.(24), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Д.Т. е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.


На 03.12.2025  во 19:20 часот на ул.„7 Јули” во Битола, полициски службеници од СВР  Битола ги лишија од слобода К.Ш.(23) и еден малолетник затоа што при преглед кај нив, кај К.Ш. е пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

СТРАНСКИ И ДОМАШНИ ЕКСПЕРТИ РАБОТАТ НА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ГОНДОЛА НА „ПЕЛИСТЕР“

 
Тимот странски и домашни експерти денеска презентираа дел од решенијата од процесот на изработка на физибилити студија за изградба на гондола на „Пелистер“.
 
Експертите од Словенија и Франција, како и домашните ги претстави претседателот на Советот Бојан Бојкоски, пред присутните советници, администрацијата на општината, планинари, здруженија и медиумите.
 
Екипата која ќе ја подготвува физибилити студијата за гондолата, за како што беше кажано еден потенцијален комплетен туртистички бисер за сите четири сезони, констатирала голем потенцијал на „Баба Планина“ со врвот „Пелистер“. 1000009954
 
„Бевме на терен два-три пати, во сите услови и преку зима и преку лето за да ги видиме сите услови и потенцијали кои што ги нуди природата. Потенцијалот е огромен, заради тоа сме и овде, бидејќи мислиме дека луѓето се повеќе ја сакаат природата, но сепак треба некаква инфраструктура како би дошле до таа природа“ вели Франц Фурлан, експерт од Словенија, од компанината „Furlani“.
 
Тој кажа дека има повеќе опции од каде би тргнувала гондолата и дека денеска ќе се дискутираат и тие теми.
 
„Мислиме дека ваквиот проект е важен и затоа ги дискутираме можностите, како и тоа што е позитивно, а што би било негативно. Вие подобро знаете од нас, но ние можеме да дојдеме со некои идеи и опции и од технички и од финансиски аспект“ рече тој,  кој заедно со неговиот колега Вансент Тасар од  компанијата „Stem international“ од Франција имаат бројни искуства низ светот, а задачата им е да понудат инфраструктурни, финансиски, технички решенија.
 
Тој вели дека трендовите се да се користат еколошки решенија, а гондолите се такви, затоа што не се влегува со возила во националниот парк, а истовремено тие гондоли им овозможуваат на посетителите да уживаат во природата.
 
Физибилити студијата треба да ја покаже оправданоста, економските потенцијали и сето она што го очекуваме од гондолата која би се изведувала на „Пелистер“, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека издвоени се средства за изработка на таа студија.
 
„Во опција се повеќе патеки до горе. Почетна станица би била некаде во реонот на Дихово, тоа е едната опција, потоа постои локација и кај Ротино и Цапари, неколку патеки, но не подолги од 9 километри и целта би била со една попатна станица, која ние би сакале да е, бидејќи веќе има инфраструктура да биде кај „Копанки“ или „Молика“ и би одела до антена“ рече Коњановски.1000009955
 
Според него, целта е да се направи гондола која од една страна ќе ја збогати туристичката понуда, но од друга да се зачува природата. 
 
„Основна цел е и да се зачува екологијата, биодиверзитетот на „Пелистер“, да не се уништува, едноставно со најеколошкото средство на електрична енергија да се искачиме и да уживаме во убавините на „Пелистер“ рече Коњановски. 
 
Примерите како што кажа Коњановски, зборуваат дека изградбата на ваква гондола во други земји ја зголемиле посетеноста, односно туризмот десеткратно, од тоа што веќе го имале. 1000009957
 
Сепак додаде дека ова е прв чекор и долг процес додека се реализира.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани