2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 11.12.2025 во 16:00 часот во СВР Битола, Х.Ѓ.(27) од с.Бистрица, битолско, пријавила дека на 10.12.2025 во 19:20 часот во спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола, за време не ракометниот натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар од Скопје, била погодена со тврд предмет во лицето и се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

За досегашната и за идната соработка со Општина Битола во реализацијата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и извршниот директор Роберт Јазаџиски имаа средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
На средбата се разговараше за соработката која што Општина Битола како град домаќин ја има со овој прв и најстар фестивал за филмска камера во светот, како и за идните планови за следното 47-мо издание, со цел организирање на уште поуспешно издание и достоен пречек на гостите на фестивалот.
Во знак на благодарност, на градоначалникот, првите луѓе на фестивалот „Браќа Манаки“ му врачија плакета со мотив од плакатот за 46-то издание чиј автор е познатиот македонски, а светски сликар Киро Урдин.

Тројца припадници на навивачката група Комити се приведени при влегување на ракометното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, што се одигра вчера во Битола. Уште при влегување во салата тие нападнале полицајци, а претходно дошло до тепачка со ривалската група Чкембари. Подоцна полицијата уапси и еден од навивачите на Еурофарм Пелистер, кој провоцирал тепачка со Комитите.

„На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ – информира СВР Битола.

На една од снимките на натпреварот може да се види дека девојче од публиката излегува од трибините со раскрвавено лице, наводно, била погодена од монета фрлена од страната каде што седеле Комитите.

На натпреварот во Битола Еурофарм Пелистер го победи Вардар со 28-23 во 16. коло од Суперлигата.

Експресно, само што беше поставен и бетониран откорнет и искршен е синџирот на улица ,,Рузвелтова" во Битола. Несовесни граѓани веднаш по поставувањето на синџирот на пешачката зона се обиделе да го откорнат металниот столб само што бил бетониран. Искршени се и заштитните синџири. Вчњра ЈП Пракинзи Битола информира дека од денес со одлука на Советот на Општина Битола дел од ,, Рузвелтова" е прогласена за пешачка зона бидејќи возачки ја користеа улицата за паркинг. А.Б 

ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БИТОЛА
 
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ООУ „Елпида Караманди“ каде изминатиов период беа извршени повеќе реконструктивни зафати, со цел подобрување на условите за одвивање на наставно-образовниот процес.
 
Директорката на училиштето Емилија Николовска-Спировски го информираше градоначалникот за тоа дека во текот на учебната година успешно се реализираше реновирањето на две училници, еден специјализиран кабинет и дел од училишниот двор. 
 
Со реконструкцијата и уредувањето на училниците, се направи целосна замена на подот, при што постојната подна површина е заменета со нов линолеум под, со што се обезбедуваат подобрени услови за одржување и хигиена. Поставување нов намештај, односно нови ученички клупи и столчиња, кои нудат поголема удобност и ергономија за време на наставата. Реновирање на санитарниот дел во училниците, при што се заменети плочките и санитаријата, со што се подобрени хигиенските стандарди и функционалноста.
 
Исто така информираше и за реновирањето на кабинетите по хемија, биологија и природни науки. Моментално се изведуваат активности  за поставување нови подни плочки, со што ќе се обезбеди лесно одржување, поголема отпорност и соодветна опременост за лабораториски услови. По завршувањето на подната реконструкција, кабинетот ќе биде подготвен за понатамошно опремување и подобрување на наставната практика во природните науки.
 
Во училишниот двор е изграден мини забавен едукативен парк, наменет за игра, дружење и учење преку активности, а содржи простор за играње шах, полиња за „Не лути се човече“ и детска игра „Царица“.
 
Овој едукативен простор придонесува за развој на логичко размислување, тимска работа и социјализација кај учениците и претставува значајно збогатување на надворешната средина на училиштето.
 
Градоначалникот Коњановски изрази задоволство од реализацијата на зафатите и потсети дека Општина Битола високо на својата агенда го има инвестирањето во образованието во соработка со надлежното министерство.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 
Почитувани, 
Ве известуваме дека од утре  повторно го ставаме во функција синџирот на улица Рузвелтова. 
Оваа улица со одлука на Советот на општина Битола е прогласена за пешачка зона, но поради нашите несовесни сограѓани кои во изминатиов период не ја почитуваа сообраќајната сигнализација принудени сме повторно да ја спроведиме оваа мерка. 
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани