2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Тимот StayBe од Битола е победник на  „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“  со награда од 1 МИЛИОН ДЕНАРИ. Младите иноватори се натпреваруваат со свои бизнис-идеи односно Систем 4 (StayBe – Битола) подразбира AI-сервис за луксузни ресторани и хотели кој автоматски ги анализира нивните проблеми и нуди три видови дигитални решенија: AI веб-асистент, AI телефонски агент и брза изработка на веб-страни.

Тимот е составен од тројца ученици од трите битолски средни училишта:

  • Иван Секуловски — тим лидер од СОУ „Јосип Броз Тито“ (Горна гимназија)
  • Јован Талевски — СОУ „Ѓорѓи Наумов“ (Техничко училиште)
  • Марио Рабаџиевски — СОУ „Таки Даскалот“ (Долна гимназија)
 
 589512925 867588349127690 8950858676545121980 n
 
Организаторите објавија - Големо задоволство ни е да соопштиме на првото издание на „Средношколец Милионер“ – најголемиот натпревар за средношколци во Македонија. Од почетната визија да создадеме платформа што ќе ги открие и поддржи најамбициозните млади претприемачи, до денешното финале, помина долга и интензивна подготовка. Но најважно е што резултатот ја оправдува секоја инвестиција во оваа мисија.
Победникот ја освојува главната награда од 1.000.000 денари, донација од основачот на Brainster групацијата, Петар Ниновски, кој сака да им овозможи на младите претприемачи можност што и нему му била дадена на почетокот.
Покрај тоа, победниците добија и понуда од инвеститорите за дополнителна инвестиција од 6000 евра, како и вредносни ваучери за Бреинстер НЕКСТ и НУ академијата за талентирани средношколци.
„Честитки на сите, бевте фантатични. Не беше лесно да се одлучи кој ќе биде победник, но тоа што го видовме е дека вие сте спремни и иднината останува на вас, буквално. Ние се потпираме на вас и продолжете да го правите ова што го правевте досега. Честитки“, изјави основачот на Бреинстер групацијата Петар Ниновски обраќајќи се до сите финалисти на најголемиот средношколски натпревар во Македонија досега, „Средношколец Милионер“.
 
591414387 867588329127692 6161317115945722743 n
Stay BE со „Систем 4“ имаат идеја да помагаат на други бизниси од областа на туризмот и угостителството, со фокус на луксузните хотели со ресторани во САД и државите од Европската Унија.
„Користиме автоматизиран систем со вештачка интелигенција кој наоѓа илјадници ресторани во определена локација, ги аланизира проблемите со кои тој бизнис се соочува, им испраќа порака преку е-пошта за тоа каков проблем имаат, како можеме да им помогнеме со еден од трите системи кои ги нудиме(во некои случаеви покрај пораката испраќаме и бесплатна демо верзија од решението на потенцијалниот клиент за да покажеме професионалност, посветеност и да изградиме доверба).
Системите се: AI асистент за на веб страната (AI Chat Assistant), AI телефонски агент (AI Phone Callers), или надградување/обновување на веб страната за неколку часа користејќи специјализирани алатки со вештачка интелигенција. Потоа, кога добиеме повратна порака, ние веднаш започнуваме да ги градиме тие системи“, пишуваат Stay BE за својата победничка идеја.
Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски се средношколци од три битолски средни училишта и велат дека биле сигурни во победата.
„Чувството е победничко. Очекувавме победа уште од почетокот. Немаше идеја која беше приближно до нашиот концепт. Нашата идеја мисли за иднината и помага на луѓето особено на бизнисите. Кога слушнавме дека ќе има ваков натпревар во Македонија, веднаш знаевме дека ќе формираме тим, па требаше само да се собереме, да ја структуираме идејата и да победиме. Милионот денари нема да ги трошиме по одмори и забава, туку ќе ги вложиме во идејата, ќе работиме уште помотивирано. Нема веќе одмор за нас“, низ смеа и задоволство зборуваат Иван, Јован и Марио.
Второпласирани со само 5 поени помалку од победниците беа момците од Академија Разлика и нивниот одличен концепт „ПаметПакет“ кои исто така добија понуда од инвеститорите за инвестиција во нивната идеја. Третото место им припадна на ЈКЦ Милионерс со идејата DWear. Сите учесници од тимовите на ТОП 10 финалистите добија вредносни ваучери за образовниот екосистем на Бреинстер - факултетот НЕКСТ и НУ Академијата.
589512925 867588349127690 8950858676545121980 n
 
Бреинстер останува целосно посветен на градење на образовен и претприемачки екосистем кој создава кадри подготвени за иднината. Преку практична настава, менторства, реални проекти и поддршка од компаниите, продолжуваме да ги развиваме младите кои сакаат да создаваат, а не само да следат.
Честитки за сите учесници, до следната ваква убава, креативна и продуктивна прилика.

Пробиена е новата велосипедска и пешачка патека од Цапари до НП Пелистер, потврди за АПЛА Иванчо Тошевски, директор на НП Пелистер. "ЈУНП Пелистер роденденот го одбележува со голема работна акција за пробивање, расчистување и уредување на планинарска и велосипедска патека која ќе го поврзе с.Цапари со НП Пелистер. Патеката е во должина од 4km, висинска разлика од 500 метри и ќе биди дел од кружен систем на велосипедска и планинарски патеки кои ќе ги поврзуваат с.Цапари и  с.Ротино со НП Пелистер. Работните активности се изведуваат со поддршка на локалното население, планинари и велосипедисти од EXTREME BIKE TEAM Битола. Активностите по повод роденденот продолжуваат во понеделник со работна средба на сите четири Национални паркови во Инфоцентарот на НП Пелистер", изјави директорот Тошевски за АПЛА. Фото АПЛА.мк 1000009711 1000009708 1000009712 1000009709 1000009716

БИТОЛА ЦВЕТА И ВО ЕСЕН

 
Со пригодна свеченост откриен муралот на австралискиот уметник Финтан Скот Меги во центарот на градот по повод 30 години билатерални односи помеѓу Македонија и Австралија.1000009674
 
„Фантастично е што сум тука, посебно ми е драго што се запознав со градионачалникот на Битола, Тони Коњановски. Тука со нас е еден од најдобрите уметници за мурали во Австралија. Овој мурал што го гледате позади нас, кој сеуште не е довршен, ќе има разни симболи на Македонија и на Австралија и токму ќе го претставува она што треба да ги одразува односите меѓу нашите две земји“ рече во своето обраќање Австралискиот амбасадор Н.Е. Петер Трасвел, кој заедно со почесниот конзул на Австралија денеска беше во Битола.1000009673
 
Градоначалникот Тони Коњановски ја искажа благодарноста и честа прв пат со амбасадорот да се запознаат токму на овој настан. 1000009676
 
„Овој мурал изработен од еден од најпознатите уметници го промовира и претставува пријателството помеѓу Австралија и Македонија, цврстите врски, со оглед на тоа што имаме огромна дијаспора која секоја година се почесто за среќа доаѓа тука, се враќа во татковината и ова ќе биде уште еден симбол на цврстото пријатество меѓу двете земји, токму на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи“, рече Коњановски. 1000009675
 
Коњановски рече дека ова е добра идеја да продолжиме и натаму и со мурали да си го разубавуваме градот.
 
Уметникот Финтан Скот Меги пред да го направи овој мурал во Битола, има направено мурали во многу европски и светски земји.
 
„Јас сакам преку муралот, преку предмети да ги раскажам приказните кои што луѓето ги доживувале кога доаѓале во Австралија. Сите предмети на муралот ќе ги одразуваат пријателските односи меѓу луѓето“ рече австралискиот уметник. 
 
Муралот е на зграда во близина на некогашната стоковна куќа „Јавор“.

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните. Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа”, истакна Андоновски.

Министерот го спомена и позитивниот пример со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој рече дека услугата целосно се добива онлајн.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ја информирам јавноста дека 39.000 студенти на додипломски студии веќе аплицирале и го добиле својот ваучер, а 20.800 веќе ги искористиле и си набавиле електронски уред”, изјави Андоновски, додавајќи дека Битола е секогаш во фокусот на министерството. Тој се осврна и на Центарот за услуги во Битола, за кој рече дека бележи одлични резултати и висока посетеност на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњаноски го поздрави присуството на министерот Андоновски, за кој рече дека е еден од најактивните и дека придонесува дигиталните услуги да се доближат до граѓаните во ова време на дигитална ера. Тој најави и идна соработка на Општина Битола со Министерството за дигитална трансформација со цел дигитализација на општинските услуги.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани