2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со
кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски.
На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија,
претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС и СВР, како и
компании и градежни претпријатија кои, во рамките на својата општествена
одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен.
Секој од учесниците презеде конкретни обврски за следење на состојбата,
со максимална подготвеност за интервенција со соодветна механизација. 585562858 873363548379861 2563861127657573219 n

  Како дел од превентивните мерки и со цел заштита од можни последици од
дождовите, се спроведува интервенција на пропустот на Ротинска Река на 
стариот пат за Цапари. Поради изведбата, овој дел од патот ќе биде
привремено затворен за сообраќај. 585703608 873363908379825 7806624318537222447 n

  Се интервенира и се следи состојбата во повеќе населени места и
локации: Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин,
Долно Оризари и Жабени. Во тек се и превентивни активности на патот кон
хотелот Молика на Пелистер, над Детското одморалиште.

  Дежурните служби остануваат активни и работата на терен ќе продолжи
непречено во текот на денот и вечерните часови.
584964057 873363598379856 5627657194960814401 n
 
 

Во рамки на светските одбележувања за 150 години од раѓањето на Морис Равел, Europe House Bitola, заедно со Alliance Française – Битола, Institut Français – Скопје и Почесниот конзул на Франција во Битола, создаде концертно доживување што ги спои класичниот звук и современата електронска призма во една заедничка линија. 1000009294

Равел — механичкиот ум на постоењето, ум што мислеше во пулсови, структури и повторувања — одамна се смета за тивкиот татко на електронската музика. Во тој дух, преку минималистичка визуелна приказна и суптилно електронско преосмислување, публиката беше поканета да го „расплете“ неговиот свет од нов агол.
Ова е само почеток. Europe House Bitola ќе продолжи да создава формати што го истакнуваат талентот на нашите локални и исклучителни уметници, позиционирајќи го нивниот глас уште подалеку на европската културна мапа. 1000009276 1000009277 1000009282 1000009280 1000009281  1000009283 1000009284 1000009285

ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НУПНАУ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ РАЗГОВАРАА ЗА ЕУ ПОДДРШКАТА НА БИТОЛА 1000009271

 
Во рамките на посетата на Битола, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау оствари официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. 
 
Двајцата соговорници разменија информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во општина Битола со поддршка на ЕУ преку различни програми. Посебен акцент беше ставен на тековните инвестиции, нивното значење за локалниот развој и потенцијалот за отворање нови можности за граѓаните. 
 
Разговорот се фокусираше и на продлабочувањето на соработката меѓу Европската Унија и општината, како и на заклучоците од Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграции. Средбата заврши со заедничка оценка дека континуираната поддршка и партнерство се од клучно значење за успешното спроведување на реформските процеси и развојните иницијативи во Битола.

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАНА 81 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

 
Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости.
 
Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола.
 
Првата егејска македонска ударна бригада, формирана за време на Втората светска војна, беше расформирана на 2 април 1945 година, при што боречкиот состав беше распореден во други единици. Голем дел од борците подоцна се вратија во Егејскиот дел на Македонија, каде што ги формираа првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ). Подоцна тие станаа дел од единиците на Демократската армија на Грција, повторно покажувајќи исклучителна посветеност и пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

Битола доби поддршка за 80 проекти од двата повици во вредност од 15 милиони евра, истакна пратеникот од Битола Пеце Милевски на расправата за предлог буџетот за 2026 година. 

Со средства од Владата  се овозможува финализирање на изградбата на новата Пречистителна станица за Битола во висина од 40 милиони евра.
Милевски вели дека од голема важност за Битола и регионот е изградбата на автопатот Битола - Прилеп кој ќе овозможи забрзување на економскиот развој на целиот Пелагониски регион, но и ќе овозможи значително поголема безбедноста за возачите и воопшто учесниците во сообраќајот. "Покрај за понижувања и срам, рушење на националното достоинство и клучните интереси на државата, високата корупција,  граѓаните во 2024 со нула ја оценија и во делот на економијата поранешната влада предводена од  СДС и гласаа како што заслужија.
Тешкиот предизвик за стабилизирање на државата успешно помина со ребалансот во 2024 и Буџетот во 2025 година.
Потоа следуваше, на задоволство на сите - период на стабилизација", напоменува Милевски. 
Пртаеникот од собраниската говорница нагласува дека за прв пат имаме Влада која вистински се грижи за рамномерен регионален развој - подеднакво за сите општини, како и тоа дека во овој предлог - буџет многу се внимава на мерките за намалување на сивата економија и зголемувањето на наплатата на буџетските приходи. "Сето ова нема да биде возможно ако предлог - буџетот за 2026 не се темели на главните фискални принципи, а тоа се одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. 
 И со овој предлог - буџет многу се внимава на мерките за намалување на сивата економија и зголемувањето на наплатата на буџетските приходи. 
Предлог - буџетот е втемелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реалните можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешките приоритети", истакна пратеникот Милевски во својот говор. 1000009218

„Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“ – превентивна активност на СВР  Битола.1000009212

 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и со претставници од РСБСП, по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, ја започнаа кампањата под мото „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“. За таа цел на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина и порака - ДОСТА Е! СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА!, изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје. 
 
Секоја година милиони лица во светот го губат животот или се повредени како последица на сообраќајните незгоди. Само во изминатата година, во државата 142 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица беа повредени.
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани