
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира - На ден 25.08.2025 во 17:28 чaсот во СВР Битола, В.С.(63) од Битола пријавил дека во стан на ул.„Минела Бабуковски” во Битола излегувал чад, по што било констатирано дека Ј.Т.(40) запалил табла од јајца на подот од ходникот, по што се запалил паркет и лицето самото го изгаснало пожарот. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Психолошкото катче за млади, деца и возрасни - " Растеме и учиме" од Битола од септември продолжува со психолошки работилници.

На новиот булеверски влез во Битола од страната на Прилеп, кој се гради во изминатиот период, дел од сопствениците на дуќаните покрај магистралниот пат на банкините поставиле талпи и тампон, за да можат со возилата полесно да се качат на банкината и на тротоарот покрај магистралата каде има паркирани возила, но и за да обезбедат пристап со возило до нивните дуќани и објекти. Фотографиите ни ги испаратија возачи кои реагираат дека ваков начин на приспат покрај магистрален пат претставува сериозна опасност за учесниците во сообраќајот.
На диво поставени талпи и тапмпон има на неколку локации на новиот булеварски влез во Битола кој неодамна е асфалтиран.



А.Б
Едукативен центар "Мали Чекори" – проверена поддршка за учениците од прво до петто одделение, од неодамна на нова локација. По четиригодишно успешно работење во рамките на детската градинка „Мали Чекори“, едукативниот центар од оваа учебна година продолжува да функционира како независна образовна установа на нова, пространа и функционално опремена локација, со цел понатамошен раст и унапредување на својата мисија – целосна поддршка за децата од прво до петто одделение во нивниот развој и образование.






СВР Битола информира за две сообраќајки на патот за Меџитлија при што се повредени повеќе лица. На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од Г.А.(39) од Битола излетал од коловозот . Во несреќата Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп. Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Водовод Битола соопшти дека ќе се гонат законски сите што ја злоупотребуваат водата и имаат диви приклучоци. Денеска директорот Андреј Гинов одржа средба со преставници на МВР и ОЈО. Преземање законски мерки против злоупотреба на вода и диви приклучоци
СВР Битола информира - На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека С.С.(22) од с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. С.С. веднаш бил исклучен од сообраќај. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело ,,Безобзирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од кривичен Закон.
Битола добива нов булевраски влез од страната на Прилеп, а завршена е првата третина од инфраструктурата, објави денеска градоначалникот Тони Коњановски. - Битола во изминатиот четири годишен период е навистина едно огромно градилиште. Не е повеќе ,,слепо црево" како во минатото. Влезот во Битола го правиме, едно велелепно булеварско решение, првата третина е веќе при завршување првите 800 метри, булеварско решение со сите стандарди, со комплетна инфраструктура со пешачки патеки, со велосипедски патеки, градот веќе има сосема друг лик и во тој однос, објави Коњановски.
