2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Надлежните служби во Општина Битола се координираат околу претстојниот фудбалски натрпевар кој треба да се одржи на 9 септември помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија. СВР Битола денеска соопшти дека од страна на полициски службеници од СВР Битола одржан е работен состанок со претставници на ФФМ, Општина Битола , менаџер на Градски стадион "Петар Милошевски" како и претставници од Агенција за обезбедување на лица и имот  и ТППЕ Битола, а во врска со одигрување на претстојниот фудбалски натпревар, помеѓу фудбалските репрезентации на Р.С.Македонија и  Италија во рамки на У-21, кој ќе се одигра на ден 9.9.2025 година со почеток од 18.15 часот на Градскиот стадион  во Битола.

 
-Во разговорот беше ставен акцент на целосно применување на одредбите од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, во кој се предвидуваат обврските на организаторот на натпревар, како и превенирање и спречување на секакви нарушувања на ЈРМ пред, за време и по завршувањето на натпреварот, соопшти СВР Битола 1000005211
 1000005212
 
 

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „16-ТА“, А НАСКОРО ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И НА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“

 
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, денес извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та“ – профил 1 од првата фаза. Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 1.397.934 денари, а проектот е прилагоден според состојбите на теренот за непречена реализација.
 
При посетата беше извршен и увид на улицата „Даме Груев“, каде наскоро ќе започнат работите за реконструкција на коловозот. Проектот е поделен на три краци: Крак 1 – 190,77 м, Крак 2 – 59,32 м и Крак 3 – 158,90 м. Хоризонталното и вертикалното решение се изработени согласно постојната состојба, со цел да се зачуваат карактеристиките на улицата и пристапите до објектите.
 
Во рамки на проектот ќе се изгради нова водоводна мрежа за квалитетно водоснабдување и ќе се реконструира мешовитата канализација, која во моментот е во лоша состојба со бетонски цевки Ø200.
 
Со овие активности, локалната самоуправа продолжува да ги унапредува инфраструктурните услови на повеќе локации во градот, обезбедувајќи поголема безбедност и подобар квалитет на живот за жителите.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ

 
Ве информираме дека моментално се соочуваме со голема потрошувачка на сирова вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување.
 
Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона.
 
Апелираме до станарите од висококатниците да ги стават во функција своите хидрофорски постројки, со цел да се обезбеди подобро и постабилно водоснабдување.
 
Повторно упатуваме апел до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата.
 
Ви благодариме на разбирањето.

БИТОЛА – Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година, објави .https://nezavisen.mk

Славеникот Дранго, роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот лик наспроти мечка, се облекол во маичка со апликација со мечка, што навидум личи на подбив за случајот кој го отворија истражните ограни за него, подбив за реакцијата на јавноста и одгласот на здруженијата за заштита на животните за реалната фотографија со отепаната мечка.

На фотографијата на Фејсбук, сега екс заменик-директорот на „Македонија пат“ Дранго е сликан паднат на колена, значи седи на подот на некоја кафеана, во едната рака ја држи тортата на која има украс како седи на маса со чаша вино в рака и наздравува со мечка. Маицата што ја носи е во бојата на кафеавата мечка,  но овој пат избрал јадра мечка, а не како таа на реалната фотографија за која е под истрага. Зад него е декорирано со балони што оддава на славеничка атмосфера.

Над објавената фотографија Дранго напишал: „Еве, со мечево пак се сретнавме, ми дојде на роденден“,  и ставил емотикон со намигнување, кој обично се користи кога некој се шегува или сака да испадне интересен.

Оваа роденденска фотографија Дранго ја ограничил само за свои пријатили што ги одбрал и не може јавно да ја види секој. Но, од фотографијата која ја доби „Независен“, се гледа дека од синоќа досега ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ добил над 1.000 лајкови и над 600 коментари со честитки за роденденот.

Фејсбук пријател на Дранго му напишал среќен роденден со порака – „Сите желби реалност, ќе дојди и лаво, полека бате“.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста, оти Сашо Дранго тогаш беше заменик-директор на „Македонија пат“ и со партиска функција – претседател на Унија на ветерни на ВМРО-ДПМНЕ на Демир Хисар.

ОЈО Битола експресно отвори предмет и презеде дејствија за обезбедување докази. Дранго беше викнат во Обвинителството да даде исказ, а истражните органи со судска наредба влегоа и во неговиот дом во демирхисарското село Белче и извршија претрес. Јавно, ниту ОЈО Битола, ниту Дранго не кажаа што нашле во куќата кај тогашниот државен и партиски функционер. Особено за јавноста беше предмет на интерес дали евентуално полицијата ја најде пушката со снајперски нишан што Дранго ја држи во раката на спорната фотографија со мечката.

Од ОЈО Битола во јули последно потврдија дека за предметот на Дранго уште следат постапки што треба да се дополни истрагата.

„Постапката е во тек со дополнителни проверки за кои јавниот обвинител издаде соодветни наредби до СВР Битола“, одговори ОЈО за „Независен“ на 17 јули.

Денеска од ОЈО Битола за „Независен“ го соопштија само ова: „По насоки на јавниот обвинител постапува СВР Битола “

Од она што се знае досега е дека осомничениот ја направил оваа фотографија лани во декември. Тој тврдеше за медиумите дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој и вработени во „Македонијапат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.

Меѓутоа СВР Битола го демантира и плус даде информација дека тој уште од 2018 останал без дозвола за поседување оружје. Од тука остана прашањето – чија била пушката со снајперски нишан.

Јавноста побара оставка од Дранго од втор човек на „Македонијапат“. Случајот доби и политичка димензија, па на крајот на јануари за случајот се огласи и премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека не верува во неговата приказна за убиената мечка.

Но, Дранго не беше разрешен, тој за „Независен“ на СМС порака лично потврди дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ .

„Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, изјави Дранго.

Спорната фотографија за Дранго со мечката ја обелодени Здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Оттаму се децидни дека тој треба да одговара „кривично со најстрога казна земајќи го предвид неговото портфолио и тоа што беше функционер треба да послужи за пример“.

 

 

 

 

Сашо Дранго цела фотографија Независен.мк

Сашо Дранго фејсбук фотографија 

 

 

Анета Блажевска

 

 

 

 

 

 

 

(корегирано во 15 и 37)

Актуелниот градоначалник на Битола Тони Коњановски ја започна кампањата "Предложи идеја" со цел да ги поттикне граѓаните да ги искажат своите идеи и ставови за поубав и пофункционален град. Коњановски објави дека денес одржал повеќе средби  со жителите од урбаните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Коле Канински“, „Борис Бастеро“ и „Александар Турунџев“ во Битола.

 
-Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на нашата општина.
  Битола ја градиме заедно со граѓаните секој глас е важен, секоја идеја е добредојдена!, објави Коњановски. 1000005114

 Невремето што ја зафати Битола во саботата попладне оштети над педесет дрвја во градот на повеќе локации. ЈКП Комуналец информира дека работи на расчитување и санирање на оштетените дрвја. - И во текот на денешниот ден ЈП Комуналец на терен за расчистување на штетите од невремето кое покрај другото оштети повеќе од 50 дрвја на територијата на општина Битола. Санацијата на штетите продолжува и во наредните денови, соопштија од битолски Комуналец .

Најубавата забава е во Битола! На Градското Шеталиште во Битола денеска врие како во кошница од лични дечиња - првачиња!  Општина Битола во соработка со ЈП „Паркинзи“ и подржувачите на настанот Зоолошка градина, Културно Информативен центар, Црвен Крст, СВР Битола, БиМилк и Пелистерка денеска на првиот ден од новата учебна година со почеток од 11 часот, ја започнаа  првата  „Училишна приказна“  на Битола.

 1000005074
Настанот е исполнет со детска радост, подароци, музика и игра од ученици од основните училишта и учесници на фестивалот „СИДО“. Децата  бесплатно се возат со „Мечо“ да се дружат со кловнот Заги и „Моја Кравица“. 1000005083

Градоначалникот Тони Коњановски денеска на самиот почеток на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с. Бистрица по реакции во јавноста за состојбата на училиштето пред почетокот на учебната година. Коњановски објави дека  оствари средба со родителите и директорката на училиштето. 

 
- Училницата која во изминатиот период беше предмет на политички шпекулации е целосно санирана.
Родителите посочија уште две потреби:
1. промена на дограмата во училницата
2. набавка на клима уред.
 
Овие барања ќе бидат реализирани во најбрз можен рок, за учениците да учат во подобри и поквалитетни услови.
 
Во тек е и изработка на проект за енергетска фасада и дограма за целото училиште, а проектот за изградба на најмодерна спортска сала продолжува – за спортски, здрави и среќни генерации ученици.
 
Подобрувањето на образовната инфраструктура, останува наш врвен приоритет, објави Коњановски по посетата на училиштето во Бистрица .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани