
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 14.08.2025 околу 02:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Раштанска“ во Битола настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат добло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.М. (54) од Битола. Екипа на ТППЕ го изгаснала пожарот, а увид на местото на настанот е извршен од страна на ОКТУПА СВР Битола.
На 13.08.2025 околу 11:10 часот во Полициската станица Ресен е пријавено
Едукативен центар "Мали Чекори" – проверена поддршка за учениците од прво до петто одделение, од неодамна на нова локација. По четиригодишно успешно работење во рамките на детската градинка „Мали Чекори“, едукативниот центар од оваа учебна година продолжува да функционира како независна образовна установа на нова, пространа и функционално опремена локација, со цел понатамошен раст и унапредување на својата мисија – целосна поддршка за децата од прво до петто одделение во нивниот развој и образование.






Поголема безбедност во сообраќајот кај обиколницата за учениците од ОУ „Коле Канински“ Битола, бараат родители пред почетокот на учебната година.


С О О П Ш Т Е Н И Е од Водовод Битола
СВР Битола известува за тешка сообраќајна незгода во битолско. На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна девојка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
По повод 122 години од смртта на рускиот императорски конзул Ростковски, денес во Битола се одбележаа " Денови на Ростковски“ во организација на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство “А.А. Ростковски“,. Настанот се одржа пред Рускиот крст во Битола , споменик во чест на конзулот Александар Аркадиевич Ростковски, кој е убиен во 1903 година во Битола. На одбележувањето присуствуваше амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, и преставници на здруженија и граѓани од Битола. - Искрено сум благодарен на раководството и членовите на здружението за македонско-руско пријателство за организациіата на годишните “Денови на А.А.Ростковски“ во Битола. Ги сметаме овие денови како можност да му оддаваме почит на рускиот дипломат, чие име засекогаш е впишано во историјата на руската дипломатска служба. Да потсетиме на длабокото културно и духовно единство и историската поврзаност меѓу народите на Русија и Македониза. Познат како “град на конзулите”, Битола со право има посебно значене за нашите сонародници. Овој втор по големина град беше многу привлечно место за Русите, долго време се сметаше за центар на “руската колонија“- со векови тука доаѓале духовници, научници и патници кои оставиле записи за своите впечатоци. За време на револуционерните превирања во Русија, Битола стана засолниште за стотици руски офицери, лекари, инженери, професори, свештеници и уметници кои дадоа голем придонес за развојот на градот", истакна амбасадорот. Рускиот амбасадор раскажа дека трагичната смрт на конзулот Ростковски на 8 август 1903 година – за време на Илинденското востание според фигуративните зборови на академик Блаже Ристовски, кога “во соседното Крушево, со крв и со оган се бранеше слободната териториа“, – остави длабока трага во сеќавањето на жителите на Битола и во историјата на руската дипломатија. - Вдовицата на дипломатот Екатерина Ростковска забележа: „Mojoт сопруг … ja извршил својата должност. Tоj jа бранеше честа на униформата и на земјата на која и служеше толку искрено, толку посветено. Споменикот Рускиот крст, подигнат на местото на неговата смрт, е јасен доказ дека споменот на него живее во срцата на луѓето. Несебичната работа на А.А.Ростковски е пример за генерации дипломати, потсетување на високата одговорност на дипломатската служба, на важноста на трудот во корист на мирот и согласност мегу народот, рече рускиот амбасадор Бездникин.
Над село Љубојно се сечи шумата, жителите масовно излегоа на протест


