2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

СВР Битола информира - На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Рударите се економскиот столб на државата. Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на настан во РЕК Битола организиран по повод Денот на рударите. 

Во обраќањето, Божиновска порача дека рударите мора да имаат безбедни услови за работа и дека има засилени инспекции и построги казни за оние кои не ги почитуваат законските прописи.  Министерството стои цврсто зад секој рудар – со современа опрема, безбедни услови за работа и фер стандарди за сите. За оние што вложуваат во безбедноста на рударите и заштитата на животната средина, поддршката е целосна, но за оние што мислат дека можат да ја заобиколат законската регулатива – нема компромиси. Инспекциите се засилени, контролите се редовни, а казните построги од кога било. Законот важи за сите, без исклучок, нагласи Божиновска.

Со доделувањето на признанија за најистакнатите рудари, манифестацијата во РЕК Битола уште еднаш ја потврди улогата на рударството како силен и одржлив економски сектор, но пред сè како професија која бара почит, заштита и континуирана поддршка, велат од Министерството за енергетика.

Територијалната противпожарна единица информира за опожарено возило во Битола, втор случај за само неколку дена. Настанот се случил на 27 август во раните утрински часови 

-Примена дојава во 04:50ч. за запалено возило на ул."Сисак" ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 4 пожарникари, информираат од Тппе од Битола.  1000004887 1000004886

 

ОТКРИВАЊЕ НА СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ 

 
Има имиња што не се запишани само во книгите на историјат, тие се врежани во камен, во срцата и во времето.
 
На 30 август, Битола ќе ја исправи својата вечна должност, ќе му подари споменик на Александар Турунџев.
 
Комитата што чекореше со факел на вистината, што беше збор - сонце за своето време.
Тој ќе добие место меѓу нас, но не како сенка од минатото, туку како светлина за иднината.
 
Повторно ќе се собереме на улиците, во поворка низ градот, од ОУ "Ѓорѓи Сугарев”, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, до местото каде е споменикот.
Ќе чекориме не за да го оживееме минатото, туку за да му дадеме иднина.
 
Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија.
Неговиот споменик е нашиот завет. 1000004884

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во РЕК "Битола" по повод  свеченото одбележување на Денот на рударите 28 август, кој се совпаѓа со големиот верски празник Голема Богородица. На свеченоста која е предвидено да се одржи пред  управната зграда на ПЕ Рудници ќе присуствуваат и Сања Божиновска министер за енегетика, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, генералниот директор на РЕК " Битола Тони Петрушевски, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, градоначалници, пртаеници и бројни гости од Пелагонискиот регион. На настанот традиционално  ќе  бидат  доделени и благодарници на вработени во РЕК "Битола" и РЕК "Осломеј", кои покажале исклучителна посветеност, одговорност и квалитет при извршувањето на работните задачи.  1000004824

А.Б

СВР Битола испрати демант до медиумите во кој известува дека возилото на битолчанецот Д.Ц, инаку се однесува на Димитар Црномаров, поранешен висок полициски службеник, не е намерно опожарено како што пишуваат одредени интернет портали. Возилото на Црномаров беше опожарено во неделата, за што полицијата веќе даде официјална информација. Денеска во демантот до медиумите стои - "Секторот за внатрешни работи Битола ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи за наводно намерно опожарување на патничко возило во сопственост на Д.Ц.(73) од Битола. Ја информираме јавноста дека на 24.08.2025 во 01:38 часот во СВР Битола во својство на пријавител Д.Ц.(73) од Битола пријави дека, додека го паркирал своето патничко возило „опел омега“ на ул.„Солунска” во Битола, тоа се запалило во предниот дел и почнало да гори. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид изврши увидна екипа на СВР Битола. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните, се вели во информацијата на полицијата. Инаку дел од интернет порталите со цело име и презиме објавија дека намерно е запален автомобилот на Димитар Црномаров. "Трибуна" објави дека  од фамилијата Црномарови се сомневаат дека се работи за намерно предизвикан пожар.

„Се сомневаме дека инцидентот со автомобилот не е случаен, бидејќи истиот макар и стар, беше во одлична техничка состојба“, изјавил за  портал член на фамилијата Црномарови, објави "Трибуна". 

Соопштение од Водовод Битола 

 
Ве известуваме дека на ден  29.08.2025  (петок), поради девијација на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од с.Кравари.
Прекинот ќе трае од 09:00 до 15 часот до завршување со активностите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани