2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Никола В.Ристевски (1995) поет, раскажувач и драмски писател од Битола, по професија дипломиран правник  доби втора награда за новосоздаден македонски збор. Младиот битолчанец  го создаде зборот .ЕКРАНКА – Screenshot (анг.) Никола В. Ристевски  "Екранка" ја објаснува со следното образложение. 

"Брза дигитална слика од моменталниот приказ на екранот на телефонот или компјутерот." 
 
Ристевски објави дека неговиот новосоздаден македонски збор освои втора награда на настанот „Зборотворба на годината“, којшто годинава за првпат беше организиран од Зборци (zborci.zborci).
 
"Оваа награда му припаѓа на македонскиот јазик којшто се збогати со уште еден македонски збор. Причината зошто го осмислив зборот „екранка“ може да се согледа од потребата за да се најде соодветна македонска замена за странски збор, којшто доста често се употребува во секојдневието, со македонски збор којшто во иднина би се користел во македонската книжевност, а пред сѐ во секојдневното општење.
 
Токму затоа, сметам дека ова е само делумна награда – целосната награда ќе се добие тогаш кога зборот „екранка“ ќе почне активно да се употребува во секојдневното пишување и говорење, објваи Никола В. Ристевски. 
 
Наградениот книжевник додваа дека -"Нам како Македонци ни претставува света должност да го обогатуваме македонскиот јазик, зашто друг јазик немаме."

 

Движењето ЗНАМ на локалните избори во Битола ќе учествува само со советничка листа. За носител на листата се определи за Јагода Талевска, секретар на општинската организација во Битола, која е малостопанственик во пензија. На второто место е Биљана Анастасова  дипломирана медицинска сестра. Потоа следува Милорад Петрески, магистер на правни науки, па Билјана Лозановска, магистер на дефектолошки науки.  На пето место на листата е кандидатката Јулијана Цветановска, туристички работник и преведувач.  Од ЗНАМ велат дека имаат -"тим составен од луѓе со знаење, интегритет и визија, кои целата своја енергија ќе ја насочат кон системски решенија за да се подобри животот во Наша Битола. 

Силно мотивирани, работиме на изготвување на програма според барањата на нашите сограѓани, кои ги собравме преку анкети, објавија од ЗНАМ 
 

Зоран Лазаровски- Паљо ја објави листата на кандидати за советници и како носител најавува дека тој и неговите советници ќе се залагаат за Битола да биде достоинствен град за живеење и пред се чист и зелен град. Граѓанската независна советничка листа „ЗА БИТОЛА“ на Лазаровски ќе биде најдобрата опција за битолчани вели Паљото за „Апла“. 

c2e2f940 109d 4e62 adc3 ae6cabc5e99c

Зоран Лазаровски-Паљо

 

 

На второ место на листата е Борко Бакревски, битолчани го познават по брендот „Бак пиво“, фамилијарен човек, успешен стопанственик и како што вели Паљото -„Бакревски е голем локал патриот. 

втор Бакревски

Борко Бакревски

 

 

Третата позиција е за Лилјана Поповска вработена во фабриката „Кромберг и Шуберт“ како шеф на смена, хуманист, а Паљото вели дека секој што ќе побара помош од Лилаја таа е таму да помогне.  

Трета Лилајан а

Лилјана Поповска

 

 

Зад Зоран Лазаровски - Паљо застана и Јован Велковски, менаџер во кафе слаткарница „ГТ“ во Битола.  Паљото за него вели дека е „градско чоече секогаш присутно во јавниот живот и Широк Сокак“.  Велковски е  еснаф кој ја напуштил работата во јавно претпријатие во Битола и се посветил на приватниот сектор.  

Јован

Јован Велковски

 

 

На петто место е младиот Стефан Солаковски, информатичар - успешен програмер, вработен во странска компанија.  Паљото вели дека Стефан е гласот на младите битолчани, полн со живот и љубов кон Битола. Еден од малдите што сакаат да живеет во Битола и да останат во државата“.  

Стефан

Стефан Солаковски

 

 

Денес во посета на Македонско - турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк”-Битола беше претседателот на Федерацијата на здруженија на иселениците од Македонија во Турција, со седиште во Измир. Битолското здружение од неодамна е дел од оваа Федерација и во план се соработки на повеќе полиња. Според претседателот на Македонско-турското здружение, Шенол Мемиш, побарана е помош од Федерацијата за формирање на фолклорна група во с.Будаково која би го негувала македонскиот и турскиот фолклор.

„Побаравме помош во материјали за изработка на носии, со кои би биле опремени игроорците од новата фолклорна група. Од страна на претседателот Хасан Гани ни беше ветена помош и поддршка за нашите активности”, рече Мемиш по средбата.  

Ова здружение минатата година сними два документарни филма и организира изложба на фотографката Бенита Стојмирова. До крајот на годинава најавуваат повеќе активности и три документарни филмови.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани