2win800x200

Со грант на Владата на Јапонија целосно е реконструиран кровот на детската градинка „Коца Василевска“ која работи во рамките на ЈОУДГ Мајски Цвет“ во Битола. Исто така, со финансиска поддршка од Општина Битола реконструирана е фасадата на објектот со што сега целата надворешност има енергестка ефикасност, но и комплетно нов лик. Јапонскиот Амбасадор во Македонија, Хиронори Савада, денеска дојде во Битола, да ја означи завршницата на овој проект, а децата од оваа градинка, срдечно го пречекаа со програма подготвена специјално за настанот.

Детската градинка "Вангел Мајоро" која е клон на ЈОУДГ " Естреја Овадија Мара", летово е комплетно молерисана, а паркетот е темелно лакиран, за првпат по 40 години. Фотографиите ПРЕД и ПОТОА, покажуваат во каква состојба бил објектот и каков е сега.

 

Во тек е  финалната фаза од реконструкцијата на улиците „Смилевски конгрес“ и „Младински бригади“, со што се затвора потегот од делот на ул. „Партизанска“ до ул.„Довлеџик“. 

Започна реконструкцијата на улицата "Македонска фаланга", со што ќе се заокружи  целосно изгледот на Офицерскиот дом и околината.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани