2win800x200

Започна реновирањето на дел од месната заедница „Димитар Влахов“ и реконструкцијата на игралиштето во нејзина непосредна близина. Со средства од над 400.000 денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, заедно со невладините организации „Преда плус“ и „Баирска светлина“, се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница, а Општина Битола обезбеди од 450.000 денари. Во реконструкцијата ќе се вклучат и битолските јавни претпријатија. За локалното население, овие два проекти ќе имаат големо значење.

Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола го менува својот лик, а со реконструкцијата се создаваат далеку подобри услови за 310 ученици кои престојуваат во домот. Од фотографиите направени пред реконструкцијата и по неа, може добро да се види во какви услови престојувале учениците, а како сега изгледаат нивните соби за што од Министерството за образование и наука се вложени 110 илјади евра.

Започа реконструкцијата на улицата „Илинденска“ во Битола во должина 2,1 километри , која ќе се спроведе во три фази. Санацијата на оваа улица ќе ја опфати примарната и секундараната канаизациона и водоводна мрежа и коловозот, а вакви темелни зафати на оваа сообраќајница не се спроведени повќе од 40 години. Од општинскиот буџет издвоени се  со 32,7 милиони денари или над 500 илјади евра.

 
Почна реконструкцијата на патот за Маловишта , единствено село кое е сместено во Националниот парк "Пелистер" и прогласено за заштитена споменична рурална целина. 

Старата зграда на Затворот кај  „Црн Мост“ во Битола, замина во историја. Објектот каде над половина век, во крајно мизрени и деградирaчки услови , илјадници затвореници ја издржуваа затворската казна, добива нов лик.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани