2win800x200

Инфкетивното одделение се испразни, сега се подготвува за реноновирање

Јули 07, 2021

За првпат по подолг период во Инфкетивното одделние на Клиничката болница во Битола, нема ниту еден пациент позитивен на КОВИД-19. КОВИД одделот е целосно испразнет,а сега се прават подготовки овој објект да се реконструира. Иницијативата е на Министерството за здравсво со поддршка и на бизнис заедницата. Евентуално новите хиспитализации ќе бидат во Модуларната болница, рече директорката на Клиничката болница Битола д-р Билјана Гагачовска.

Во изминатиот период Инфективното одделение во Битола беше регионален центар каде се лекуваат болни од Ковид-19 од Битола и од сите околни градови. Пролета се пушти во употреба и Модуларната болница, но напорите на менаџментот на болницата се остваруваат објектот да се реновира.

-По подолг период за првпат Инфективното одделение во Битола е без хоспитализирани пациенти. Меѓутоа состојбите се променливи, имавме нови позитивни пациенти, нови прегледи и во секој момент може да стигне до нови хоспитализации. Новите хоспитализации во евентуалниот есенски бран ќе бидат во Модуларната болница, кои се нови, спремни и целосно опремени. Располагаме со 90 кревети, но мораме да ја имаме и старата зграда. Во моментов течат подготовките со средства од Министерството за локална самоуправа да се изработи архитектонски проект за целосна реконструкција на зградата на Инфективното одделение. Во тек е и иницијативата започната со Министерство за здравство и бизнис секторот за собирање на средства за целосна реконструкција на Инфективно, вели директорката на КЛиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска и додава дека тоа ќе биде подолготрајна работа која зема време за санирање на состојбите.

Во меѓувреме ќе се санираат два санитарни јазли во ковид 1 одделот од страна на ЈКП Водовод Битола и тоа пред очекуваниот есенски бран.

Состојбата со Ковид-19 во Битола засега е стабилна, а пред есента Гагачовска апелира до битолчани што помасовно да се вакцинираат. Битолслката болница е изгардена во 1972 година, а зградата на Инфективното одделение, е одвоена и во досегашното 50 годишно постоење никогаш не била реновирана.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани