2win800x200

   

Врвен приоритет за СДСМ е интересот и здравјето на граѓаните и тоа се потврди со начинот на кој Владата се справува со здравствената и економската криза. Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок. Веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции, изјави на денешната пре конференција кандидатот за пратеник на СДСМ во 5 ИЕ, Горан Козаров.

Тој вели дека безбедни избори може да се спроведат ако се почитуваат  препораките за носење заштитна опрема, одржување на социјална дистанца, дезинфекција и задржување од 2-3 минути на гласачкото место.

-Изборите се во процес. Процес кој беше стопиран поради корона кризата а кој по прекинот на вонредната состојба има уште 22 дена за нивно одржување - во спротивно уставниот суд може слободно да ги прогласи за неуставни. На Република Северна Македонија и треба Собрание и Влада затоа што здравствената а особено економската криза бара решенија а не политичка демагогија за подобни или неподобни изборни датуми и резултати, смета Козаров. 

 

Повеќе пати повторена лага, почнува да звучи како вистина. Затоа на лагата мора да се одговори со вистина, која секако и секогаш ќе биде поткрепена со аргументи, рече директорот на ЈКП Водовод Битола, Горан Козаров ,откако советникот во Советот  на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Горан Степановски викендов обвини дека одлуката што во септември оваа година беше донесена од Советот за повисока плата од 5% на вработените, не се почитува веќе два месеци од страна на Козаров. 

Вработените во ЈКП Водовод-Битола ќе го добијат покачувањето на платата од 5 % заклучно со ноемвриската плата, за што одлука е донесена и од Управниот одбор пред една недела, потврди на денешната прес-конференција првиот човек на ЈКП Водовод, Горан Козаров.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани