2win800x200

И Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола се вклучи во борбата против ракот на дојка. Денес директорот на ЈЗУ Клиничка болница од Битола Др. Зоран Лазаров и директорот на „Водовод“, Горан Козаров потпишаа договор за взаемна соработка која започнува со реализација уште од овпј понеделник, 11 ноември. Имено околу 50 жени вработени во Водовод ќе направат скрининг на ЕХО и мамографија се со цел да се влијае во превентивата на оваа лоша болест која ја зафаќа женската популација.

На рационално користење на водата за пиење повикува првиот човек на ЈКП Водовод -Битола , Горан Козаров поради сушата што изминатиот период го зафати регионот и најавува зачестени контроли за евентуална злоупотреба на водоводниот систем.

Козаров вели дека состојбата е загрижувачка, но претпријатието со сите расположливи ресурси ја контролира ситуацијата.

-Апелираме на заштеда и рационално користење на водата од градскиот водовод, контролите од наша страна се зачестени и секоја злоупотреба ќе се казнува, вели Козаров.

Директорот на ЈКП Водовод вели дека заради сушата се приближуваме кон алармантно ниво , тоа значи дека шеснаесет недели со ред се пумпа вода од Хидросистемот Стрежево, интензивно со три-четири пумпи.  Квалитетот на водата е се уште добар,за што се вршат зачестени испитувања во Филтерницата за квалитетот на водата да биде на исто ниво како што треба да биде по сите светски стандарди.

А.Б

Шеснаесетта недела Битола и регионот се зафатени од суша што доведе до исцрпување на водните ресурси на ЈКП Водовод Битола. Директорот Горан Козаров вели дека Битола може да со соочи со алармантна состојба доколку во наредните денови не падне дожд. Во овој период битолчани се снабдуваат со вода за пиење од  Хидросистемот Стрежево.

Социјалдемократот Горан Козаров, актуелниот директор на ЈКП Водовод“ -Битола е новиот регионален координатор на петтата изборна единица на СДСМ. Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на својата втора седница на крајот на август годинава, донесе одлука за избор на регионални координатори и за  изборна единица 5 се одлучи да го именува токму Козаров. Претходно на оваа позиција беше Александар Цуцуловски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани