АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид во работните активности кои се дел од реконструкцијата на 11 краци во с. Долно Оризари, во должина од 2.303 метри. Претходно е извршена реконструкција на водоводни приклучоци во висина од 2.125.970 денари, како и реконструкција на канализациони приклучоци и капаци во вредност од 561.680 денари, а додека целосната реконструкција во с. Долно Оризари ќе биде завршена со коловоз со вкупна вредност од 11.088.000 денари.