2win800x200

Битолската полиција со обемна истрага против лица кои вршат проституција по паркинзи, паркови и хостели

Август 11, 2023

Криминалистичката полиција на СВР Битола како резултат на појава на кривични дела по чл.191 од Кривичен законик, односно „посредување во вршење на проституција“ и прекршок по чл.19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно „вршење на проституција“ има воспоставенo криминалистичка истрага насочена кон лица кои вршат и нудат сексуални услуги на паркинг просторите, во хостели, преноќевалишта, хотели, паркови и други места, како и кон лица кои посредуваат при извршување на истото, соопштија од СВР Битола.

Како резултат на сето ова, на подрачјето на СВР Битола од почетокот на месец февруари до месец јули 2023 година, полициските службеници имале 185 постапувања на подрачјето на СВР Битола (најголемиот дел во Битола), при што легитимирани биле повеќе лица, извршени се информативни разговори во полициска станица, за што до овој момент е поднесена кривична пријава по чл.191 од кривичниот Законик ,„Посредување во вршење на проституција“, има и 12 констатирани прекршоци по чл.19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани