2win800x200

Бојмацалиев во посета на СВР Битола: „Постигнати солидни резултати во борбата против криминалот и намален бројот на сообраќајни несреќи“

Март 15, 2024

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, оствари работна средба со  раководството на СВР Битола. Бојмацалиев изјави дека безбедносната состојба на територијата на СВР Битола е задоволитетлна, граѓаните се безбедни и полицијата е на терен за да ги превенира сите несакани појави.

„На територијата на СВР Битола имаме одлични резултати во однос на борбата против дригата, неовластена употреба на оружје, миграција на оваа територија нема, што е доказ дека одлично се сработиле работите во тој дел. На територијата на СВР Битола бележиме и намалување на сообраќајните несреќи, тешките телесни повреди и жртви во сообраќајни несреќи“,  рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи

Бојмацалиев додаде дека во имзинатите 6 години на територијата на СВР Битола беа реконструирани објектите на полициските станици во Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Ресен за што од буџетот на МВР беа издвоени 45 милион денари. Со овие  зафатим полициските станици добија модерен  лик.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани