Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Младиот европски амбасадор, Димитар Атанасовски, присуствуваше на настан со што се одбележуваше Светскиот ден на животна средина каде учествуваа и амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, претставникот од УНДП, Армен Григоријан и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

 Messenger creation 53386B7E AE27 4890 B53F 3828BDE6E75E

Денот започна со посета и презентација на завршената работа на граничниот премин „Маркова нога“, каде се истакна важноста на проектот и значењето за регионот.

 

Вториот дел се состоеше од посета на Агрометеоролошка станица како дел од систем за рано предупредување и временска прогноза кој е корисен за заштита на растенијата.

 

Со третиот дел се заврши денот каде се презентираше за биодиверзитетот во Преспа. Тука се истакна уникатноста на тој регион во однос на флора и фауна и на кој начин стручните лица работат за да го заштитат природата таму.

 

Во Преспа се инвестира и се гради зелена, одржлива и европска иднина. #ЕУсоПреспа

 

Платформата на Млади европски амбасадори е креативна мрежа на идни млади активисти од западен Балкан кои доаѓаат од различни позадини, но имаат заедничка европска визија.“

СО НОВИ ВОЗИЛА СЕ МОДЕРНИЗИРА БИТОЛСКАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА

 
Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини.
 
Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“,  проект кој носи конкретни придобивки за граѓаните на Битола, Пелагонискиот регион и прекуграничната област. 
        
На денешното примопредавање присутен беше заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов и командирот на противпожарната единица на Битола Христијан Тодоровски.
 
„Како најголема општина во регионот и основач и финансиер на Територијалната противпожарна единица Битола, Општина Битола добро ги познава предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите на терен. Последните години сме сведоци на сè почести екстремни временски услови, долги сушни периоди и зголемен ризик од шумски пожари кои претставуваат сериозна закана за природата, имотот и човечките животи. Територијалната противпожарна единица Битола не ја штити само територијата на Општина Битола. Таа секојдневно обезбедува заштита и за општините Новаци и Могила, а во многу наврати интервенира и пошироко во регионот кога тоа е потребно. Токму затоа, вложувањето во нејзините капацитети претставува вложување во безбедноста на целиот Пелагониски регион“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Проектот е аплициран во рамките на првиот отворен повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021-2027 година која е дел од Инструментот за претпристaпна помош на Европската Унија.
 
Главна цел на проектот е да се придонесе во превенција и ефективно управување со шумските пожари во прекуграничните региони и придонес во заштитата на природната средина и зајакнување на здравите екосистеми на двете области.
 
Партнери во проектот од македонска страна се Центар за развој на Пелагониски плански регион – Битола Македонија и Дирекција за заштита и спасување – Скопје Македонија.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ЗА УРЕДУВАЊЕТО НА ПЛОШТАДОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

 
Општина Битола денеска организираше граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“.
Преку форумот граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења и согледувања насочени кон разубавување на нашиот плоштадот.  
 
Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека Општина Битола како транспарентна општина со оваа прва форумска сесија сака јавно да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните, за да се имплементира вистинското решение, како ќе изгледа во иднина овој плоштад кој сега се користи како паркинг простор.
 
„Твоја идеја, наш плоштад“ е мотото, односно целта на овој форум, како да стигнеме до идеалното решение. Затоа важно ние и Вашето мислење, мислењето на граѓаните кои со свои предлози ќе учествуваат во решението на како што велиме нашиот плоштад, плоштадот на граѓаните на Битола, на битолчани.
Со ова уредување, односно пешачката зона, центарот на Битола се ослободува од сообраќајниот метеж, се намалува бучавата од автомобилите, а со тоа и од загадувањето. Ова ќе биде место каде граѓаните ќе можат спокојно да одморат, да уживаат во убавината на центарот на градот“ рече меѓу другото градоначалникот Коњановски.
 
На форумот присуствуваше и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, заменик градоначалничката Марина Крстиќ, како и стручни лица од администрацијата на Општина Битола кои ја презентираат состојбата, односно она што е согласно урбанистичките планови.

Австрискиот амбасадор Мартин Памер денеска беше гостин на настанот подготвен од учениците од секцијата по германски јазик  од ООУ "Даме Груев" Битола под менторство на наставничките Данијела Босилковска и Симеона Павловска, а по повод 100 години од смртта на лиричарот Рајнер Марија Рилке и 100 години од раѓањето на писателката Ингеборг Бахман. Настанот беше во организација на ООУ "Даме Груев" и во соработка со НУУБ "Св. Климент Охридски"  Битола и директорката Емилија Стефановска Давкова. На настанот се обратија амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер, директорката на ООУ "Даме Груев" Битола, Билјана Бакиевска и директорката на НУУБ "Св. Климент Охридски" Битола Емилија  Стефановска Давкова. Фото АПЛА.мк 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани