2win800x200

Нови возила за Територијалната противпожарна единица во Битола

Јуни 04, 2026

СО НОВИ ВОЗИЛА СЕ МОДЕРНИЗИРА БИТОЛСКАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА

 
Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини.
 
Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“,  проект кој носи конкретни придобивки за граѓаните на Битола, Пелагонискиот регион и прекуграничната област. 
        
На денешното примопредавање присутен беше заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов и командирот на противпожарната единица на Битола Христијан Тодоровски.
 
„Како најголема општина во регионот и основач и финансиер на Територијалната противпожарна единица Битола, Општина Битола добро ги познава предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите на терен. Последните години сме сведоци на сè почести екстремни временски услови, долги сушни периоди и зголемен ризик од шумски пожари кои претставуваат сериозна закана за природата, имотот и човечките животи. Територијалната противпожарна единица Битола не ја штити само територијата на Општина Битола. Таа секојдневно обезбедува заштита и за општините Новаци и Могила, а во многу наврати интервенира и пошироко во регионот кога тоа е потребно. Токму затоа, вложувањето во нејзините капацитети претставува вложување во безбедноста на целиот Пелагониски регион“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Проектот е аплициран во рамките на првиот отворен повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021-2027 година која е дел од Инструментот за претпристaпна помош на Европската Унија.
 
Главна цел на проектот е да се придонесе во превенција и ефективно управување со шумските пожари во прекуграничните региони и придонес во заштитата на природната средина и зајакнување на здравите екосистеми на двете области.
 
Партнери во проектот од македонска страна се Центар за развој на Пелагониски плански регион – Битола Македонија и Дирекција за заштита и спасување – Скопје Македонија.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани