
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола - На 20.06.2026 во 01:20 часот на ул. „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.Л.(50) со престој во Битола бидејќи кај истиот била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.06.2026 во 00:19 часот во СВР Битола пријавена е сообраќајна несреќа на патот Битола-Маково кај с. Логоварди, битолско помеѓу патничко возило „ауди" со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(23) од с. Логоварди, патничко возило „форд" со битолски регистарски управувано од А.П.(23) од Битола и сопатник 13- годишник од Битола и патничко возило „мазда" си битолски регистарски ознаки управувано од А.К.(23) од Добромири општина Новаци и сопатничка А.К.(29) од с. Добромири. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.П.и А.К., а сопатниците се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Од страна на полициските службеници лишен од слобода бил возачот Д.Б. бидејќи возилото го управувал во сообраќај на пат под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
Нови жители во Зоолошката градина во Битола!
"Денес им посакуваме добредојде на нашите најнови жители. Живеалиштето на нашето семејство елени лопатари сега е порадосно за прекрасни малечки еленчиња.
Големиот татко елен, препознатлив по своите впечатливи рогови гордо ги покажува своите малечки на нашите вработени и посетители.
Грижливата мајка кошута, нежно и внимателно го следи секој чекор на своите младенчиња.
А бебенцата еленчиња, уште сега знаат само за игра и радост на се што ги опкружува и со љубопитност го истражуваат светот околу себе.
Заедно тие ни покажуваат колку се важни семејната поврзаност, заштитата и грижата во животинскиот свет.
Дојдете во ЗОО Битола и откријте ја нивната нова приказна исполнета со нежност и хармонија", објавија од Зоолошката градина во Битола. 
МВР соопштува - СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од работен однос“. Пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, во периодот од февруари 2023 до 29.06.2023 во три наврати извршил промена на работното место на едно лице спротивно на одредбите од Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места.
Во сабота (20.06.2026) во Битола - Промоција на книгата „Приказните од Широк Сокак 2“ од Зоран Ѓоргиев! Книгата „Приказните од Широк Сокак 2“, е најновото дело на авторот Зоран Ѓоргиев, посветено на историјата, луѓето и духот на најпознатата битолска улица.
По успешното прво издание, втората книга носи нови сведоштва, документирани приказни, интересни личности и помалку познати детали од богатото минато на Широк Сокак и стара Битола. Низ страниците се оживуваат спомените за семејства, објекти, настани и животни судбини кои оставиле траен белег во градската меморија.
Книгата претставува значаен придонес во зачувувањето на локалното културно и историско наследство, а воедно е и сведоштво за времињата кога Широк Сокак бил центар на општествениот, културниот и секојдневниот живот во Битола.
Промоцијата е отворена за јавноста, а љубителите на битолската историја ќе имаат можност одблиску да се запознаат со новите приказни кои го продолжуваат мозаикот на едно од најпрепознатливите места во Македонија.
„Приказните од Широк Сокак 2“ не е само книга, туку траен запис за градот, неговите луѓе и спомените кои заслужуваат да бидат сочувани за идните генерации.
Зоран Стојчевски претседател на ОО на СДСМ Битола со акламација доби поддршка за новиот Извршен и Надзорен одбор на Општинска конференција на СДСМ Битола што се одржа вечерва во партиската сала. За секретар на ОО на СДСМ Битола е избран Дејан Србиновски, организациски секретари се Димче Дамчевски и Борче Корлевски.
"Претседателот Зоран Стојчевски ги предложи членовите на Извршниот и Надзорниот одбор кои со акламација беа поддржани и изгласани од Делегатите на општинската конференција.
Специјални гости на конференцијата беа, Заменик претседателката на СДСМ - Фани Каранфиловска и Организацискиот секретар на СДСМ - Љупчо Фармаковски, објави ОО на СДСМ Битола. Надзорниот одбор го сочинуваат Дејан Стојков, Пеце Зуламовски, Нада Паскова, Славчо Дуковски и Ѓорги Ицков. Во Извршниот одбор се избрани членовите Благој Лазаров, Анета Сердарова, Весна Баковска, Ѓорги Ѓоргиевски, Бисера Петровска Аргиновска, Пеце Танчевски, Лидија Неделковска, Андреј Гулабовски, Дијана Станковска, Дејан Србиновски, Катарина Каровска Дамчевски, Влатко Шеровски, Зоран Степановски, Валентина Стојковска, Омер Алиевски, Јулијана Силјановска, Васко Колевски и Елена Пејчиновска. Текст Анета Блажевска
Сабота на 20.06 со почеток од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола, по петти пат ќе се одржи „Вистинска парада на гордоста”, како контра марш на Парадата на гордоста закажана за истиот ден во Скопје. Организаторите објавија дека начелата по кои се водени за поддршка на “Вистинската парада на гордоста” се: -Дом, -Семејство, -Родители-МАЈКА и ТАТКО,-Деца.
-Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата православна христијанска вероисповед. Ве очекуваме сите заедно со вашите најблиски да се собериме на плоштадот Магнолија каде сите заедно со еден марш низ Широк сокак да се упатиме до паркот, каде ќе се одржат неколку кратки обраќања за мотивите на организирањето на ваквата парада, велат организаторите.
Маршот и годинава го поддржуваат свештеници на МПЦ-ОА. Стефан Здравевски повика на поддршка.
-Иако ништо нема да промениме сепак да покажеме на која страна сме! Секој ште ќе се најде во близина и може да дојде а не доаѓа, тоа значи дека е на другата страна! Повелете и придружете ни се, напиша свештеникот Здравевски на Фејсбук. Текст Религија. мк