2win800x200

Се огласи Корлевски - Потврдите за присуство на Советот не се печатат по дома или кај претседателот на Советот!

Јуни 04, 2026
По пишувањата на Плусинфо за отуствата од работа на екс советникот Борче Корлевски во Битола во текстот  „ОПШТИНСКИ СОВЕТНИК ОД БИТОЛА ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ 700 ДЕНА НЕ БИЛ НА РАБОТА Цел мандат се „покривал“ со потврди од претседателката на Советот“, денеска на Фејсбук се огласи Корлевски, дел од неговото обраќање ви го пренесуваме интегрално.  
 
Најјасен показател за злоупотребата на социјалните "медиуми" за јавен линч во Македонија преку изнесување клевети и невистини во вчерашниот пост. Нема потреба јавно да се објаснувам на политички линч но на моите фб пријатели, роднини, колеги, другари и секако моите сограѓани Битолчани, чувствувам должност како и секогаш достојно да ги испочитувам со јавно демаскирање на сите лаги и манипулации. Најодговорно тврдам дека секој збор напишан е апсултна лага со невистинити информации кој вчера се пласираа во јавност од страна на Плусинфо во кој не постои ниту потпишан новинар!
 
Апсолутна лага и невистина е дека некогаш сум злоупотребил било кој документ на Советот на Општина Битола, најмaлку во потврдите за мојот ангажман во работата на Советот во изминатите не 4, туку 8 години колку што траеја моите два советнички мандати.
 
 Да започниме од почетокот...
 Никогаш не сум бил вработен во "Одделението за технологија" во РЕК - Битола! Затоа што такво одделние и не постои во РЕК - Битола! 
 Не е точно дека 4 години сум бил вработен во РЕК - Битола додека сум бил Советник во Советот на Општина Битола.
Јас се вработив во 2024 година во РЕК Битола, претходно цел работен стаж од 9 години како инжинер работев во приватни фирми на различни работни позиции.
 
 
Како се издаваат потврди?
 
Потврдите за присуство на Советник за потребите на Советот на Општина Битола не се печатат по дома или кај претседателот на Советот!
Тие потврди ги изработуваат Одделнието за поддршка на Советот на Општина Битола, согласно предвидените активности на советниците кој потоа се става печат од страна на вработените во секторот и потоа доаѓаат на потпис кај претседателот на Советот на Општина Битола.
За потоа истите потврди за работен ангажман се приложат каде се им се потребни на советниците.
 
 Примерите од 2023 година се најубава потврда на сите изнесени невистини и манипулации изнесени вчера во јавноста.
 Јули месец за господата од Плусинфо му бил месец за одмори. Во ред, нека одмараат.
 Почитувани мои пријатели и јавност, Советите на Општините немаат месеци за одмор како што имаат пратениците, судиите и другите јавни институции.
 Според Плусинфо во јули месец 2023 година се оддржала само 1 комисија и 1 седница!
 Тотална лага и манипулација.
 
Ова е линкот од сите видео записи од Советот на општина Битола каде се поставни повеќето видеа од комисии (иако некој и недостасуваат дел од оправдани причини дел не) јас се гледа дека се одржаа десетици комисии во тој месец, бидејќи баш што тој месец се носеше фамозниот ребаланс на буџет кој 3 пати беше паѓан и преформулиран со мнозина амандмани токму предложени од мене лично, но и од сите советници во Советот на Општина Битола.
 
 
 Меѓудругото на тие комисии за спорт и финасии се разгледуваа извештаите на спортските клубови, ќе се потсетат партиски нарачатели како се движеше кражбата и тонењето на ФК Пелистер!
 Реконструкција на Јужна трибина на стадионот „Петар Милошевски“ со кој се направи една целина од комплетен стадион е мој амандман токму во овај месец кој беше одбиван во три наврати!
 
 
 Понатаму Според Плусинфо во август месец 2023 година се оддржале само 3 комисии и 1 седница!
 Брутална лага и манипулација со јавноста!
Се одржаа десетици комисии и официјални работни групи кој траеја 7 дена согласно потребите за ребаланс на буџетот во Советот на Општина Битола од повеќе програми за кој недостигаа финасии бидејќи прв пат беше обзнанета со факти и бројки недоговорната работа на Општина Битола и прв пат донесен ребаланс на буџет согласно потребите на Битола и Битолчани.
 
Според Плусинфо се поставувало можно прашање за несовесно работење и стекнување корист!
 
 
Седниците на Советот на Општина Битола 2021-2025 година траеја во просек по 12 часови! Минимум 10 часа, а тие кој ги наведувате баш за јули и август месец траеја во еден ден 15 часови!
Тоа што сега се 19 минути мислам дека е повеќе тема за дискусија, но....
За крај што наводно барале од Плусинфо:
"Случајот да добиел институционална разврска за да не биде само медиумски навод или политички обвинувања"
Случајот се надевам и очекува и ќе добие институционална разврска, но само и само за вашата медиумска клевета и политичко обвинување за мојата личност, интегритет и ваша без обзирна проба за нарушување на мојот професионален и личен авторитет.
Има уште долго да се пишува за вашите клевети, но да оставиме нешто и за пред институциите.
Особено што кажувате дека поседувате документи од моето лично досие каде има и здраствена документација што е кривична одговорност!, стои меѓудругото во обраќањето на Корлевски до јавноста на својот Фејсбук профил. 
 
А.Б 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани