Анета Блажевска

Анета Блажевска

Старото училиште ,,Димитар Влахов во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари.  Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година.

Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонските дејци и во спомен на сите просветни работници.Во две буџетски години ќе биде обновено местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека идејата е овој значаен објект каде се одвивала настава на македонски јазик да стане собиралиште на лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик и да остане како паметник за генерациите по нас, дека темелите на ова здание се всушност историски темели на образованието на мајчин, македонски јазик, столбот на нашиот идентитет.

−Старото училиште е во режим на заштита од 2020 година како дел од споменичната целина Љубојно. По неговото автентично обновување, овој монументален објект ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“, со што Владата со делопокажува дека се грижи за заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, која е клучна за македонскиот културен опстанок−додаде Костадиновска-Стојчевска.

За проектот, кој го реализира Завод и музеј Битола во 2024 година обезбедени 20 милиони денари, во2025 година, се проектирани 12.8 милиони денари.Во периодот што следува, по заокружувањето на преостанатите административни процедури, надлежната установа ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција и адаптација на објектот.

Завод и музеј Битолаво изминатиот период ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, чиј што составен дел беше Идејниот проект за објектот во с.Љубојно.Во текот на 2023 година се работеше на Основниот проект, кој по неговото комплетирање и реализација на сите ревидентски фази, беше испратен до Управата за заштита на културно наследство за добивање на Конзерваторско одобрение

Санкционирани 59 возачи под дејство на алкохол на територијата СВР Битола

Синоќа во 21.44 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола без знаци на живот била донесена В.К.(34) од Битола.

Инспирирана од саат кулите во македонските градови, дизајнерката Ангела Христовска, креира уметничка динамична типографија (31 кирилична буква). На дизајнот претходеше анализа на темата односно истражување за постоењето на саат кулите, нивната функционалност, традиција и приказна која ја носат со себе.

Секоја буква го има во себе кругот како симбол на часовниците, времето, традицијата и културното наследство на македонските градови. Ова писмо го нарече ВРЕМЕ.

Како што се продлабочуваа приказните за саат кулите, се градеа логотипите за некои од македонските градови кои во срцето на својот метеж го чувствуваат отчукувањето на традицијата и историјата. Со користење на буквите од писмото „Време“ се развија логотипи за градовите Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и Велес. Кружните типографски елементи се застапени во секоја буква од овој уметнички динамичен фонт, а композицијата со логотип на градовите пак е инспирирана од механизмот што го движи инструментот за покажување на времето. Механизмот е асоцијација на животот.

Овие логотипи се потсетување за „градовите“ да се грижат за своето културно наследство а за граѓаните да ги раскажуваат своите приказни, бидејќи само така можеме да ја градиме меморијата на времето кое миналo, само така можеме да ставиме ред во комплексниот универзум.

Логотипите и буквите имаат цел да дадат дополнителна промоција на македонските градови и знаменитости преку употреба на кирилични фонтови и типографски елементи и да потсетат на важоста на културното наследство споменувајќи ги градбите на саат кулите како иницијална точка за будење на свеста за зачувување и негување на кирилицата и културносто наследство. 

Логотипите и буквите Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, Битола, ги ставаме на располагање на градовите (локалните самоуправи) и граѓаните кои можат бесплатно да ги користат.Проектот Урбана Кирилица го имплементира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола и се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани