
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва се обрати на 15-то по ред издание на Фестивалот на музика од светот, кој годинава се одржува под мотото „Една сцена, звук на светот“. Таа од организаторите на фестивалот беше најавена не само како личност која е најсилно врзана со културниот развој во нашата земја, туку и како визионер кој верува во моќта на уметноста и на културата дека можат да ги трансформираат општествата.
Костадиновска-Стојчевска во својот говор кажа дека е горда што Битола преку овој фестивал и придружната програма покажува подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзе националната со независната сцена.
Ќе има ли поскапување на цената на водата во Битола и од што ќе зависи формирањето на новата цена се огласи и ЈП „Стрежево“ Битола. Цената на водата за пиење во Битола зависи од одлуката на Регулаторна, но и од цената која Владата ќе ја утврди за Хидросистемот „Стрежево“ Битола од каде „Водовод“ во сушниот период купува сурова вода. И за „Стрежево“ и за „Водовод“ се чека одлука.
Од ЈП „Стрежево“ Битола кое располага со акумулацијата хидросистем „Стрежево“ и од каде битолски „Водовод“ купува сурова вода во летниот период или без оглед на годишното време кога нема доволно вода од сопствените извори, ни потврдија дека побарале регулирана цена од Владата за период од 2024-26 година.
Директорот Методија Граматковски вели дека Владата сѐ уште како основач нема донесено цена за водата која ќе ја продава „Стрежево“ на ЈП „Водовод“ за наредниот период. Претпријатието дава предлог ценовник, но Владата е таа која одлучува.
„Цената на водата која ‘Стрежево’ ја наплаќа сега од ‘Водовод’ е следна: За регулираниот период 2021-23 година цената вака се движи – во 2021 година 5,15 денари за кубен метар, во 2022 5,38 денари, а во 2023 е 5,56 денари за кубен метар без ДДВ. Ова значи дека цената е многу ниска и од Владата побаравме да биде просечната цена која ни ја предложи Регулаторна комисија за енергетика, а таа е за 2024 година 6,48 денари, 2025 година 6,47 денари и 2026 6,40 денари за кубен метар. Која цена ќе биде прифатена и дали ќе има промена во нагорна или надолна линија сѐ уште не знаеме“, вели Граматковски. А.Б
Зголемен е бројот на прегледи на пациенти со вирусни заболувања на Инфективното одделение при Клиничката болница со Битола,како и на Одделот за интерни болести каде дел од лицата што побарале лекарска помош имале инфективни заболувања.
Во 2,20 часот по полноќ малолетничка од Охрид, со привремен престој во Битола, пријавила дека пред угостителски објект на улица „Партизанска“ во Битола била физички нападната од друга малолетничка од Кавадарци, исто така, со привремен престој во Битола, која употребила и стаклен предмет, соопштија од СВР Битола. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Според наши проверени извори, се работи за средношколки кои престојуваат во интернат во Битола. Едната при нападот употребила шише и ѝ нанела расекотина на челото на другото девојче.
Извадок од книгата УЛОГАТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО КУЛТУРНАТА АВТОНОМИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1944-1949) чиј автор е Евгениј Литовски, историчар.
Локалната власт на ДПМНЕ планира енормно да ја покачи цената на водата за пиење во Битола!