Анета Блажевска

Анета Блажевска

Кога бев мала токму многу се раскажуваше низ Битола за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ што го доживувавме како голем настан. Препознававме дека се одржува по големиот огномет на битолското небо. На телевизиите го гледавме преносот од црвениот килом. Како тинејџери одевме со другарите да погледнеме некое од подобрите филмови што се прикажуваа, а ги имаше многу. Се туркавме во бројната публиката околу црвениот килим да видеме кога ќе помине познатиот британски актер Мајкл Јорк кој во деведесетите години дојде во Битола. Бевме горди што го воодушеви Пелистер, па дури и на тоа што место месо во хотелот „Молика“ барал да му подготват поперки. Од актерите, па до пиперките се имаше некоја магија во градот.

Граѓаните на улиците во некои населби низ Битола, после секој дожд, газат во вирови. Својот револт обично го изразуваат на социјланите мрежи. Ви ја пренесуваме фотографијата објавена на ФБ групата Битола сака чист воздух, од наслебата Мал Париз. Ја испрати Иле Ѓорѓиевски и напиша - „Битола нема затворен базен, има полуотворен, картите се бесплатни. Знаеме за кој НЕМА  да гласаме“

Битола има голем потенцијал за развој на туризмот поради својата местоположба, низата природни богатства и културните зданија со кои располага, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.

Партијата Обединети за Македонија ја дава својата поддршка за кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата и кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска. Претседателот на партијата , Љубе Бошковски, при посетата на Битола, изјави дека овие избри имаат референдумско значење

Четворицата кандидати во трката за градоначалник на Битола на претстојните локални избори, како ретко кога се согласија на јавна дебата на Топ-тема на телевизија Телма. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, кандидатката на СДСМ, Наташа Петровска, и независните кандидати Јорго Огненовски и Кирчо Ташков, цел час одговараа на прашањата на битолчани во малата сала на Центарот за култура во Битола.  

Сестрите Колевски, кои попладнево беа пренесени во битолската болница, вечерва повторно се вратени дома, откако одбиле лекарска помош.

Државата води преговори и во последна фаза се подготовките за евтин кредит или можеби грант од јапонската агенција Џајка во соработка со компанијата Митцубиши за вложувања во производството на РЕК со цел да стане поеколошко, најави министерот за надворешни работи Никола Димитров во Битола. 

Несовесни граѓани ги крадат бехатон плочките кои ги поставија од општината на една споредна патека кај населбата Брусничка по барање на жителите.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција соопшти дека не се откажуваат од проектите за топлификација и гасификација на Битола и велат дека овие два проекти со манипулација може да ги спречи само СДСМ.

Родителите на школски деца нема веќе да плаќаат за обезбедување на училиштата, вети денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Наташа Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани