Анета Блажевска

Анета Блажевска

Наташа Петровска е новиот градоначалник на општина Битола.

СДСМ и коалицијата слават. Наташа Петровска води убедливо со над 7500 гласови, пред Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ . Пратеникот Васко Ковачевски најави победа за градоначалник на Општина Битола ,и убедливо мнозинство во Советот. Според аналитичкиот центар на СДСМ, од обработени  избирачки места 17000 гласови одат на контото на  Наташа Петровска , наспроти 9300  гласови за Зоран Илиоски. Од СДСМ велат дека„ граѓаните на Битола докажаа и покажаа дека сакаат живот во Битола за сите“.

Според информации од ОО на СДСМ, од обработени гласови од 38 избирачки места, СДСМ е во водство. 

Тројца битолчани денеска се приведени и задржани во СВР-Битола,  поврзани со денешното гласање за локалните избори, потврди портпаролот на полицијата, Лефтерија Миленкоска, за апла.мк. Миленкоска , само потврдува дека три лица се  приведени во полиција и со нив се работи, но не кажува за каков случај станува збор. Подетални информации таа најави за подоцна. Неофицијално се зборува дека се работи за поткуп на гласачи.

„Очекувам локалните избори да бидат мирни, демократски, слободни зашто помина времето на уцени, пристисоци.

„Денес Битола се наоаѓа пред најголемата одлука.

Забележани се случаи на масовен транспорт на гласачи со комбиња од битолската населба Баир, соопшти Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“.

Гласањето на фер и демократски избори е празник на демократијата. Во политиката, она што е најважно е гласот на народот. Јас сум длабоко убедена дека битолчани денес, слободно, најдемократски ќе го кажат својот збор. Јас сум сигурна дека денес, во Битола, ќе биде завршена работата што се однесува до локалните избори , рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата на денешното гласање  во избирачко место во ОУ  „Кирил и Методиј“  во Битола.

Повозрасната битолчанка М.И. денес наместо на гласање заврши на лекар откако се засопна на искршените скали кои водеа до гласачкото место во месната заедница „Вељко Влаховиќ“ на улица „Питу Гули“ во Битола.

До 17 часот гласале половина од гласачите од  Битола евидентирани во единствениот избирачкиот список. Според информацијата од Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот попладнево гласале 50 проценти од гласачите во Битола. Битолчани на овие избори избираат градоначалник меѓу четворица кандидати и советници од пет листи. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани