
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеник од Битола ќе биде осомничен за вчерашното убиство во прилепското село Беловодица, дознаваме неофицијално од полициски извори.
Полицискиот службеник е веќе фатен од страна на полицијата.
Вчера попладне битолчанецот Б.А. беше застрелан, па запален во автомобилот на пат кон Беловодица.
Алал
Средното медицинско училиште „ Д-р Јован Калаузи“ добива нов лик во внатрешноста и нормални услови за следење на наставта. Руинираните училници сега се бојадисани и освежени, санирани се дупките на подот и ѕидовите, променети се вратите, дел од искршениот инвентар е заменет со нов, а во тоалетите саниран е плафонот кој прокиснуваше. Менаџерскиот тим заедно со учениците, родителите, со поддршка од Општина Битола и донации од некои компании, успеа за неколку месеци да обнови дел од она што со години беше запоставено и запуштено.
По доаѓањето на функција во декември минатата година, новото раководство ги отвори вратите од училиштето за новинарските екипи кои ја регистрираа катастрофалната состојба- извадени и искршнеи врати од училниците, без брави и кваки, кои се потпираа со столче од надвор. Во училниците, на подот и ѕидовите имаше дупки, дел од столчињата и клупите беа искршени, компјутерите оштетени, на прозорците висеа завеси, парното греење беше во дефект.



Слем поезијата станува магнет за младите талентирани литературни творци, а ваквиот тренд ја враќа во мода поезијата. Во Универизтетската библиотека „Св. Климент Охридски“ денес беше промовирана збирката со слам поезија „Креирај-слемирај“, во која се објавени песни од битолски поети и млади творци.
„Пишував за дрогата бидејќи мислам дека со мојата песна можам да потикнам некој кој користи да се откажи, а оние кои не пробале да не го прават тоа“, рече Андреа Накоска, чија песна е наградена.
Слем поезијата е урбано и светско движење кое насекаде е познато, па станува актуелно и кај нас, а ние сакавме во нашиот град преку најмладите да го актуелизираме овој вид на поезија, рече Елена Богдановска, едукатор во проектот.
Претставници од Европската Унија, врвни онколози од Полска,Загреб,Љубљана,Виена, како и преставник од Министетството за здравство, ја посетија Клиничка Болница во Битола, како и Центарот за онколошки болни се со цел да се испита програмата за работа и терапијата кон пациентите.
Со влезот во НАТО и ЕУ, законите ќе бидат исти за сите граѓани. Ако вие платите за погрешно паркирање и претседателот ќе плати ако го стори истото прекршување, изјави амбасадорката на Хрватска Даниела Баришиќ на форумот „Перспективите од НАТО интеграцијата- Што ќе донесе пристапниот процес за Македонија и нејзините граѓани“.
Амбасадорката на панел дискусијата, која беше организирана во рамки на проект поддржан од УСАИД, рече дека членството во НАТО и ЕУ на Хрватска ѝ донело многу предности.
„По влезот во НАТО, во Хрватска се удвоија странските инвестиции иако беше тоа период на економска криза. Секој инвеститор сака да инвестира во стабилна земја каде законите не се менуваат како што на некој ќе му текне кога ќе се разбуди наутро“, рече Баришиќ.
Најчестите станари на Тумбе кафе, вервериците, се се попитоми со рекреативците и минувачите. Малите паметни животинки до долги бушави опашки и денеска слободно се движеа покрај патеките каде битолчани редовно рекреираат на ридот. Во потрага по храна вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.
Битолчани од денеска добија своја Balans+ Зона на Тумбе кафе донација од битолската млекарница „Бимилк“. Новото место за спорт и рекреација на Тумбе кафе е значаен придонес на млекарницата за своите корисници и чекорите за подобрување на нивниот живот и условите во општеството, преку помагање на спортот, културата, едукацијата на младите и грижата за сите категории граѓани.
Нов комеморативен споменик на Француските воени гробишта во Битола ќе открие денеска амбасадорот на Франција во Р. Македонија во присуство на градоначалникот на Новаци и на претставници од општините во регионот, како и претставници на Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт и голем број потомци на борци од Македонскиот фронт. Настанот е најавен за денеска во 17 часот, по повод 100 години од денот на победничката офанзива на 15 септември 1918 и пробивот на Македонскиот фронт, што на Запад доведе до побрзо потпишување на примирјето од 11 ноември истата година.
Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт спроведе изработка на реплика на споменикот кој датира од 15 септември 1938 година, а кој денес веќе не постои. Неговата реставрација беше овозможена благодарение на статуата од Мон де Марсан, што ќе биде поставена на Француските воени гробишта во Битола (поранешен манастир) на 14 септември 2018. Овој проект е под знакот на делегацијата задолжена за стогодишнината од Првата светска војна. Тој е поддржан од повеќе донатори, јавни и општествени организации и поединци, вклучувајќи ги и членовите на ова здружение, што зборува за тоа колку се живи спомените од тоа време што ја одбележа целата европска историја. Министерството за култура на Македонија ги запиша овие комеморации во својата агенда на Европската година на културата. На тој начин се потсетуваме дека оваа страница од историјата на Македонија претставува дел од европската историја. Градот Битола во тој контекст е носител, како и Верден, на францускиот Воен крст, во знак на почит кон страдањата на локалното население.
Висок два метра споменикот ќе биде поставен на достапна локација со специјална дозвола од француското Министерство за вооружени сили на гробиштата во Битола, каде што почиваат паднати за Франција 6.134 идентификувани војници, а се наоѓаат уште и 128 неидентификувани гробови и костурница со остатоците на речиси 7.000 војници. Мала копија исто така ќе биде поставена на местото каде што некогаш постоел споменикот, над Добро Поле. По тој повод грутки земја земени од Верден, од ровот кај Шатанкур, ќе бидат донесени на ова место на сеќавањата при откривањето на споменикот. Следниот ден, в сабота, 15 септември, здружението за запознавање и патување „Оф роуд Македонија“ од Битола организира посета на локациите со теренски возила. Се работи за промоција на културно-историскиот туризам, со што се искажува почит кон минатото и кон локалното наследство и се воспоставуваат нови врски меѓу нашите две земји.
Битола ќе добие нова обиколница, експресен пат за грчка граница и до Прилеп ќе се патува по автопат, најави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта. При денешната посета на Пелагонија, тој најави големи инфаструктурни зафати во Битолскиот Регион.
Покрај завршените проекти за рехаблитација на неколку регионални патни правци во општините Новаци и Могила, во наредниот период , со пари од државниот буџет, но и со средства обезбедени од меѓународни финасиски институции, се најавуваат и други проекти за подобрување на патната инфраструктура во овие две општини.