
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Натегања околу процесот на легализација на дивоградби во Општина Битола, помеѓу власта и опозицијата. Во кварталниот извештај за реализацијата на буџетот стои дека реализирани се 3,95 проценти за „надоместок за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти“.
Јавното претпријатие „Пазари“, во делот на активностите на подобрувањето на условите во градскиот пазар, осовремени уште еден дел, кој се наоѓа во непосредна близина на Кам маркетот. Во текот на вчерашниот ден (недела), кога е намалена фреквентноста и на продавачите и на купувачите, екипи ангажирани од ова јавно претпријатие, работеа на поставување на настрешница.
Директорот на јавното претпријатие „Пазари“ Александар Касапов, објасни дека главната цел е да се оттргнат најлоните со кои се покриваа тезгите на оваа површина од пазарот, во делот пред Сирењарата. На челичната конструкција ќе бидат поставени платнени тенди, со кои освен посоодветна заштита за продавачите и купувачите, ќе се тргне и лошата слика на висење на најлоните врз главите на посетителите на пазарот.
Добитните приказни на Државна Видео лотарија на РМ, продолжуваат со несмален интензитет и во месец септември. Најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник е млад човек кој се радува на своето ново семејство, кое во блиска иднина ќе добие проширување. Тој верува дека со убавата добивка вредна 1.648.224,00 денари ќе ги обезбеди сите потребни работи за новиот член на неговото семејство.
Блок 2 на Термоелектраната “Битола” денес повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт. Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол.
По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, следуваат ремонтни активности на Блок 3 кои ќе траат до 15 октомври. Претходно, капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола беше направен од 10 мај до 25 јули.
Молк од Општина Демир Хисар, градоначалникот Марјанчо Стојановски и од раководството на ОУ „Гоце Делечев“ во истоимената општина. По објавената снимка од вчера на која градоначалникот Стојановски им се заканува на вработени во училиште дека им ги слуша телефоните, денес тој беше зафатен за да ги прими новинарите. На пријавница во Општината ни беше кажано дека градоначалникот е зафатен, не може да ги прими новинарите, а за сè што ги интересира може да преземат информација од соопштението на МВР.
Поради изведување на градежни работи (промена на атмосферска и фекална канализациона мрежа) од страна на ЈКП „Ниско Градба“ Битола, на ул. „Св. Климент Охридски“ во Битола ( на потегот од ул. „Солунаска“ до ул. „Партизанска“), можно е да дојде до оштетувања на индивидуални приклучоци на водоводната мрежа, а со тоа и прекинување со водоснабдувањето на корисниците на вода.
За подетални информации во врска со водоснабдувањето граѓаните ќе бидат благовремено информирани од страна на ЈКП „Водовод“ Битола.
Екипа на ЈКП „Водовод“ Битола во моментот работи на отклонување на дефект на индивидуален приклучок на ул. „Св. Климент Охридски“.
На кои битолчани им се обраќавте синоќа кога Битола беше преплавена со автобуси и возила од сите соседни градови? Вакво прашање до премиерот Заев за синоќешниот митинг, на прес конференција денес упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Иванчо Тошевски.
„Сакам да се врати надежта кај сите нас дека може да се живее подобро, сакам да не емигрираме, сакам моите пријатели да се вратат назад, сакам и ние да бидеме дел од Европа, затоа што ние сме Европа“, рече битолчанката Софија Ристевска, режисерка и актерка, сопственик на Интимен театар, во обраќањетото пред своите сограѓани на митингот „За европска Македонија“ што вечерва се одржа во Битола,
-Сите ние сме многу важни, без сите нас нема држава, ние сме храбрите што останавме тука, единствено ние имаме право да решаваме каква ќе биде иднината на нашата држава, ние што немаме бугарски пасоши, ние што имаме гордост и достоинсво, знаеме што е најдобро, најдобро е да гласаме ЗА на референдумот на 30 септември, рече меѓудругото Ристевска
Никој не може да негира дека моравме да направиме компромис , тоа е болно и јас целосно го разбирам и подеднакво го чувствувам. Но, во основата на секој компромис лежи напредокот, поместувањето од мртва точка. Кога утре во европска Македонија ќе им погледнеме на нашите деца в очи, ќе ја сфатиме величината на тој компромис. Ве уведувам нашите деца ќе ни се заблагодарат што на прв план ги ставивме нивните интереси, порача премиерот Зоран Заев од митингот „За европска Македонија“ во Битола.
Обраќајќи се пред битолчани на плоштадот Магнолија, тој истакна дека референдумот на 30 септември е втора наша независност, по онаа изгласана на 8 Септември.