Анета Блажевска

Анета Блажевска

Поради изведување на градежни работи   на ул. „Св. Климент Охридски“ во Битола ( на потегот од ул. „Солунаска“ до ул. „Партизанска“),  на ден 22/23 септември 2018 година  ќе  има прекин во водоснабдувањето во период од 9 до 14 часот. 

Фарамата на сточарот Пеце Шамбевски од пелагониското село Радобор е пример за европска сточарска фарма. На неа според европски стандарди се одгледуваат 160 крави кои дневно даваат по два и пол тони квалитетно млеко. На неговата фарма денес беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје отпочна иницијатива преку која на македонските сточари им се обезбедуваат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност.

Двата пожари кои избувнаа денеска околу пладне во Битола, се ставени под контрола и нема опасност по луѓето и куќите, информираат од општина Битола.

Попладнево пожар избувна на ридот над населбата Горно Оризари во Битола. Пламените јазици зафатија голем дел од шумската површина и тоа ниска трева и во дел борови стебла. На терен огнот го гаснат екипи на битолската Противпожарна единица, Јавното претпријатие „Комуналец“, а се вклучи и локалното население. Пожарот се јавил во повисоките делови од ридот, а потоа потпомогнат од топлото време и ветерот се прошири на стотина метри од населбата Горно Оризари. Причините не се занаат, но битолчани кои живеат во близина велат дека секое лето некој го потпалува ридот. 

Денес, во 12:13 часот заради струен удар на 110 киловолтен далновод, без напојување со електрична енергија останаа дел од постројките во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, меѓу кои и електростатскиот филтер на Блок 2. За среќа, производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола продолжи непречено, но за жал, во период пократок од еден час, електростатскиот филтер на Блок 2 беше надвор од функција. Неговата работа беше нормализирана за кратко време, а производството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено, според предвидената динамика и потребите на македонскиот електроенергетски систем.

Притивпожарната единици од Битола потврди дека во моментов интервенираат на двете локации во населените места каде иам пожар, во „Бусничка“ и „Стрелиште“.

-Првиот пожар е пријавен во 13 часот кај „Стрелиште“ и таму гори трева , по 45 минути добивме дојава за пожар  во населбата „Брусничка“ подолу од првиот ред на куќи , во локација каде има треба и ѓубриште,потврдија за апла.мк од противпожарната служба во Битола.

Увид во реконструкцијата на обиколницата на Битола и санацијата на свлечиштето што се појавува на тој дел од патот извршија денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

-Би сакал да упатам апел до сите возачи, да бидат трпеливи следниве осум месеци, до кога очекуваме да биде комплетно завршена обиколницата.  Оваа реконструкција е дел од вкупниот инвестицискиот циклус за подобрување на патната мрежа во државата. Сакам да најавам дека за многу скоро време ќе започнеме со рехабилитација на регионалниот пат Битола - Демир Хисар, а на почетокот на следната година ќе распишеме и тендер за реконструкција на регионалниот пат од Битола до Меџитлија.

Децата од младинската фудбалска школа на ФК Пелистер- Битола, генерација 2008 година,  добија донација од нашиот сограѓанин Никола Десковски кој живее во Детроид, САД, сопственик на фирмата SHELBY INDYSTRIES. Донацијата се состои  од: комплет дресови, маички за тренинг, маркери за тренинг и фудбалски топки. Во знак на благодарност од родителите Десковски доби благодарница, со надеж за понатамошна соработка.

Врз основа на Основниот договор за изградба на фекална канализација на улицата „Ѓорги Наумов“ –Лавчански пат кој го има склучено КЈП „Нискоградба “-Битола со Општина Битола , а врз основа на сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај и мислење на МВР-Битола со рег. бр. 295 /3584 -1 од 16. 07. 2018 година.

Ве известуваме дека сообраќајот ќе биде во прекин од 8.00-15 и 30 часот и тоа од 24 .09. 2018  до 14.10. 2018 година.

Битолчани  во едно се согласуваат дека низ улиците во градот се вози пребрзо, не се почитуваат ни правила, ни прописи, а неретко улиците се злоупотребуваат од возачите „камикази“ без оглед дали се со автомобили или мотори и скутери. Но, за жал битолчани едно се однесуваат кога се возачи, а друго кога се во позиција на пешаци. Во билтените на сообраќајната полиција секојдневно се регистрираат прекршоци од несовени возачи, се изрекуваат казни  но состојбите не се подобруваат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани