
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ракометната школа на прочуелниот македонски ракометар Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, почна со работа во Битола и Новаци. Школата тренинзи одржува во училишните спортски сали во општина Новаци, а во Битола во ОУ „Коле Канински“ и ОУ „Климент Охридски“. Со обуката ќе бидат опфатени деца од трето до седмо одделение кои од страна на професионалци ќе ги совладаат основите на ракометот, на тимската работа, ќе стекнат кондиција, а врз ќе се делува и едукативно и педагошки. Тренери за Битола и Новаци се дипломираните професори по физичка култура Кирил Атанасовски и Борче Марковски.
Ликовните уметници и младите ликовни таленти од Москва, Русија, деновиве беа пријатно изненадени од богатството и квалитетот на детски ликовни творби што Малиот битолски Монмартр ги изложи кај нив во националната библиотеката Доброљубов.
Изложбата на битолскиот Монмартр беше отворена во петокот и ќе трае до први октомври. Таму покрај тоа што можат да се видат стотици квалитетни детски цртежи, се одржаа и часови за сликање со акварел техника на кои учествуваа млади ликовни таленти од Битола и Москва.
Бекир Алили (36) кој во петокот беше убиен на свиреп начин во прилепско Беловодица, денеска беше погребан на селските гробишта во негвотот родно село Јеловјане, тетовско. Жителите и неговите роднини, излегоа на мирен протест пред погребот, да го изразат својот револт, затоа што полицаец, еден од оние кои треба да ги штитат граѓаните, е осмничен за убиството на Бекир.
Притвор од 30 дена му е одреден на 23 годишниот полицаец од Битола, Енвер Т., откако попладнево прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за извршено убиство. Иако полицаецот при распитот во полиција го признал делото, дури и во детали опишал како го извршил, сепак на сослушувањето пред јавeн обвинител се бранел со молчење.
При пробојот на Македонскиот фронт со одлучувачката битката кај Добро Поле, Битолско, на 15 септември пред сто години учествувал и францускиот војник Марсел Гангилхем(1895-1949), уметник и скулптор кој таму ја загубил својата десна рака.
Првиот „Пазар на локални производи“ во Битола, денеска ги собра на едно место битолчани да вкусат домашно подготвени пити, гомлезе, вино, разновидна органска храна, традиционални производи, органски спун и креми, а, се готвеше и на лице место и се дегустираше. Најмладите учествуваа во едукативен час како да ја препознаа здравата храна.
Настанот кој се одржа во Новиот пазар е во организација на „Слоу Фуд-Битола“ во соработка со „ЈП Пазари“Битола а на него учество зедоа петнаесеттина производители.
Домашниот намаз од лешник беше исклучително вкусен и подготвен од вештите раце на готвачот Пеце Клечкаровски од Струга , кој воедно битолчани, посетителите на настанот ги почести и со други свежо подготвени специјалитети.
-Путерот од лешник е мој личен специјалитет, ми дојде идеја да направам напочеток само чоколаден путер со лешник , а потоа креативниот процес еволуираше . „Леска намазот “е различен од сите други, и тоа го препознаа гостите во ресторанот каде што работам , зошто е чист органски, рече Клечкаровски.
Пеце Цветковски од „Вила Дихово“ на пазарот излезе со домашно вино произведено од неговата плантажа.
-Произведувам и нудам домашни производи од нашите плантажи, го практикувам традиционалниот начин на производство на вино, обратно од големите винарии. Конзументите се задоволни и со самата промоција на селскиот туризам кај нас во мојот локал нудам вакво вино. Годишно произведувам од 600-700 литри вино, рече Цветковски.
Со вкусно биено и бело сирење на пазарот настапи Игор Поповски , кој има своја фарма во Дихово.
-Произведувам сирење и кашкавал, работата е доста специфична и те обврзува по цел ден , но граѓаните го ценат квалитетот иако економскиот стандард на луѓето си го прави своето, рече Поповски.
На пазарот можеше да се купи и природна органска козметика, направена во фармацевтска лабораторија во Битола.
-Мајка ми во нашата лабораторија прави различни производи од органски состојки, креми и сапуни со арганово масло и пчелин восок. Тука се вбројува и путерот за тело и мелемот за детска кожа. Нашата идеја беше да направиме нешто природно, а не со хемикалии. Битолчани ги купуваат нашите производи, рече Ангела Пандовска .
На пазарот децата се едуцираа и ги тренираа сетилата за препознавање на храната, а забавата продолжи со дружба Dj сет на B-boy .
Ќе упатам апел до сите граѓани од Битола да не фрлаат во населбата Баир оти има битолчанин кои доаѓаат во нашата населба, носат ѓубре и го фрлаат тука. Истовремено апелирам и до жителите на Бајрот да не ја загадуваат животната средина оти тука живееме, порача Самедин Канановски од Здружението на Ромите од Битола.
Месното население од битолскиот Баир, други битолчани, општинското раководство, членови на Советот, директори на јавните претрпијатија „Комуналец“, „Водовод“, „Нискоградба“, „Стрежево“и други вработани денес се вклучија во еко акцијата за чистење на диви депонии во Битола со што се одбележа Светскиот ден на чистењето. Се чистеше кај ободниот канал во населбата Баир и во село Брусник.
Градоначалничката Наташа Петровска порача дека никогаш никој не може доволно да исчисти ако останатите валкаат.
Осомничен за вчерашното убиство во прилепското село Беловодица е 24-годишниот битолски полицаец Е.Т., кого полицијата веќе го привела и тој го признал злоделото.
Од полициски извори дознаваме дека во 36 годишниот битолчанец Б.А. пукал со службениот пиштол, што го носел со себе иако не бил на работа. Тој со пиштолот на жртвата му нанел четири прострелни рани, а потоа телото било запалено надвор од автомобилот. Бруталното убиство се случило вчера околу 16,30 часот кога било пријавено во полиција дека на патот за селото гори непознато лице.